Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Симптоми за Ковид кај невакцинирани и вакцинирани

Subbotina/Depositphotos.com

Симптоми за Ковид кај невакцинирани и вакцинирани

На почетокот на пандемијата со коронавирусот, губењето на сетилото за мирис, беше еден од показателите за заразеност со Ковид-19. Сега, 18 месеци подоцна, овој показател е дури на деветтото место меѓу симптомите кај луѓе кои се заразени, а не се вакцинирани.

Во меѓувреме се појавија вакцините, па сега, на пример, симптомите може да бидат различни кај лица кои примиле само една доза, или кај оние кои примиле две дози, како и кај лица кои се целосно вакцинирани, а сепак, се заразиле.

Заеднички симптоми

Според една британска научна студија која ги има истражувано сите овие појави, симптомите кај невакцинираните се главоболка, воспалување на грлото, течење на носот, зголемена температура и постојано, продолжено кашлање.

Оние кој имаат примено само една доза и во тоа меѓувреме се инфицирале, имаат симптоми слични како и кај невакцинираните лица – главоболката, течење на носот, кивавицата и кашлањето и воспалување на грлото. Авторите на студијата објаснуваат дека кашлањето кое никако не престанува, сега е меѓу пете најчести симптоми за заразеност со короната, иако кивавицата и течењето на носот, почесто се јавуваат.

Во минатото, на пример, на почетокот од пандемијата, овие симптоми воопшто не беа поврзувани со ковидот.

После примената втора доза, пак, остануваат главоболката, како прв симптом, а на тоа се додаваат и кивањето, воспалението на грлото, течење на носот, но и губењето на сетилото за мирисање. Оние кои се заразиле после две примени дози, изјавиле дека симптомите кај нив траеле многу пократко, што значи дека (како вакцинирани) имале поблаг облик на заболување.

Мутирање на вирусот

Експертите кои работеле на оваа студија велат дека менувањето на симптомите во изминатите месеци, од првото појавување на короната, се последица и на тоа што и самиот вирус во ова време се има менувано. Освен тоа, сега во овој – четврти бран на пандемијата – пред се, се заразуваат помлади лица кои обично имаат поблаги симптоми на Ковид.

Што се однесува на оние кои се целосно вакцинирани, примајќи ги двете дози, а почнале да киваат без некоја посебна причина, би требало да се тестираат за вирусот. Тоа е особено потребно доколку станува збор за лица кои работат, или кои на друг начин се во контакт со лица кои важат за поризични за заразување – се вели во британската студија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе