Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Обама направи журка

headlinephotos/Depositphotos.com

Обама направи журка

Поранешниот американски претседател Барак Обама приреди журка за своите пријатели и за цела низа елитни гости, во чест на неговиот 60 – ти роденден.

Прославата на јубилејниот роденден се одржа на островот „Марта Винјард“ каде Обама и неговата сопруга имаат купено голема куќа, по неговото заминување од Белата куќа.

Журката се одржа во помал обем од првично предвидениот 475 гости, откако дел од американските медиуми го критикуваа поранешниот претседател што собира толку многу луѓе во услови на повторното распалување на епидемијата со коронавирусот и наглиот раст на новоинфицирани Американци.

Излезе дека Обама има голем број пријатели низ САД и дека многу нив сакале да дојдат на роденденската свеченост, но дека голем дел од нив, сепак, можеле само да испратат честитки.

Медиумите пишуваат дека и скратениот список останал со низа елитни личности. Се споменуваат пејачката ѕвезда Бијонсе, па Џеј-Зи, Џон Леџенд и Криси Тајген, како и Двејн Вејд и Габриел Јунион.

Меѓу гостите на островот, на кој на времето се одмараа и живееја во добар дел од годината и членовите на семејството Кенеди, се најдоа и Џорџ Клуни, Том Хенкс, режисерот Стивен Спилберг и пејачот Брус Спрингстин.

Некои весници пишуваат дека на конечната, редуцирана, листа на гости требало да бидат и една Опра Винфри и Ева Даверни, но тие двете сепак, не се најдоа на роденденската забава. Според списанието „Венити Феар“ тие не заминале на островот со лозја, стравувајќи од ширењето на Делта вирусот.

Токму овој сој на короната, е доминантен кај новозаразените лица во САД, што го натера Обама да прави нов список за своите гости, што некои почнаа да го објаснуваат според тоа – кого екс претседателот смета за голем пријател, а кого за помалку голем.

Бројните папараци уште пред да почне забавата имаат снимено голем шатор, поставен на имотот на семејството Обама.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе