Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Гувернерот на Њујорк – сексуален напасник

SamAronov/Depositphotos.com

Гувернерот на Њујорк – сексуален напасник

Истрагата што го спроведе обвинителството на сојузната држава Њујорк, утврди дека гувернерот Ендрју Куомо „сексуално вознемирувал неколку жени“, но дека ги има прекршено федералните закони и законите на оваа сојузна држава.

Во изјавата, обвинителката Летиција Џејмс рече дека во истрагата што траеше пет месеци и со која биле опфатени 179 лица, било откриено дека администрацијата на Куомо претставувала „непријателско опкружување за работа, исполнето со страв и со заплашување“.

Таа открила дека правните застапници на обвинителството имаат разговарано со граѓани кои поднеле жалби, но и со функционери на разни нивоа во власта, со полицајци и со низа други кои имале комуникација со гувернерот.

„Непримерно допирање“

„Од сите тие разговори добиена е јасна слика за тоа дека гувернерот Куомо сексуално вознемирувал сегашни и поранешни службенички во државната управа на сојузната држава“. Утврдено е дека сексуалното вознемирување се случувало врз жени кои, инаку, не биле ангажирани во државната администрација.

Според обвинителката Џејмс, барем во еден случај е откриено дека Куомо и неговите најблиски соработници работеле на тоа да му се одмаздат на поранешен вработен кој го има обвинувано гувернерот.

Таа, во секој случај, ја има истакнато – како што рекла – храброста на жените кои прифатиле да сведочат и да зборуваат за постапките и за однесувањето на Куомо.

Гувернерот за прв пат се соочи со ваквите обвинувањa на почетокот од годинава, кога во неколку наврати беше обвинет за “непримерно допирање и за сексуално вознемирување на неговите колешки, но и на жени кои ги запознавал во јавноста“.

Неизвесна иднина за Куомо

Куомо жестоко ги демантира ваквите обвинувања, но има речено дека “жали доколку неговото однесување кон жените било погрешно протолкувано како несакано флертување“.

Во текот на месеците на истрагата, тој се бранеше дека нема ништо лошо направено, а притоа ги има ставано под сомнение целата истрага, како и објективноста на правните застапници на обвинителството.

Дел од јавноста на САД, меѓутоа, после изнесените наоди на истрагата, очекува случајот на гувернерот – сексуален напасник, да продолжи со утврдување на правната основа тој да биде отповикан од функцијата.

Според законите на сојузната држава Њујорк, како сексуално вознемирување се третира секое „неприкладно однесување од сексуална природа – од несакан флерт, до шега со сексуална конотација“ кои создаваат „нездрава атмосфера за работа, не земајќи притоа во обзир какви биле намерите на престапникот“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе