Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Ричард Брансон: до Вселената и назад

VSS Imagine/Virgin Galactic

Ричард Брансон: до Вселената и назад

Британскиот милијардер Ричард Брансон ја постигна својата животна желба – да полета кон Вселената, да се искачи до нејзиниот раб, а потоа да се врти на Земјата.

Сето тоа го постигна за 90 минути лет во височината, па сега може да се каже за него дека е првиот кому тоа му успеа и дека е вистинскиот „пионер на вселенскиот туризам“.

Околу 600 лица со купена карта

Со ракетниот авион на неговата компанија „Вирџин Галактик“ Брансон се искачи до височина на која небото што инаку го гледаме како сино, станува црно и каде хоризонтот на земјата се закривува во далечината.

Авионот (леталото), наречено „Јунити“, полета од американската сојузна држава Њу Мексико и за околу еден час се искачи во височина, до работ на Вселената – до 85 километри.

Леталото, неговата компанија го подготвуваше и го дотеруваше цели 17 години.

„Уште како многу мал сонував за тоа да летнам кон Вселената, а подоцна и за тоа многу луѓе да можат да го направат истото – да може да летаат по тој пат, кон истата цел“ – изјавил Брансон по безбедното слетување на „Јунион“ на Земјата.

Заедно со него, во леталото беа и три други лица – патници, инаку луѓе од неговата компанија. Сите, во време од неколку минути уживале и во бестежинската состојба.

Според информации на „Вирџин Галактик“, околу 600 лица веќе е пријавиле за лет до Вселената и назад и за тоа имаат купено карта. Летот чини меѓу 200 и 250 илјади долари.

Безос лета на 20 јули

На 20 јули. само девет денови по Брансон на таков пат ќе тргне и Џеф Безос, сопственикот на Амазон и најбогатиот човек во светот.

Во трката за тоа кој од нив прв ќе полета кон Вселената, победи Брансон, но во тимот на Безос велат дека и немало трка, затоа што тој од порано својот лет го има врзано за тој датум, кога во 1969 година се случи првото слетување на човекот на Месечината.

Леталото на Безос носи име „Ален Шепард“ во чест на првиот Американец кој полета во Вселената. Во него покрај газдата на Амазон ќе патува и братот на Џеф, како и 82 годишната физичарка Вени Франк.

На времето, пред многу години, таа била подготвувана да биде жена – космонаут во програмата „Меркјури“, но никогаш не полетала. Четвртиот патник се уште е неидентификуван. Станува збор за човек кој има купено карта за овој лет, преку лотарија.

Понатаму
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Технологија

Горе