Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Англиски расисти против фудбалерите

Ale_Mi/Depositphotos.com

Англиски расисти против фудбалерите

Лондонската Метрополитен полиција има покренато потрага по англиски навивачи кои на социјалните мрежи расистички ги напаѓаат обоените фудбалери на Англија, посебно тројцата кои не постигнаа гол од пенал, во финалниот меч за европското првенство во фудбал, со репрезентацијата на Италија.

На удар се Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букаја Саке кои при изведувањето пенали, или промашија, или на два пати нивните удари ги одбрани италијанскиот голман. Токму нивните промашувања и овозможија на Италија да победи.

Нездрава појава

Расизмот не е ретка појава во британското, а посебно во англиското општество. Неколкумина фудбалери и во англиската Премиер лига не ретко биле жртви на навреди и напади врз расистичка основа.

Напаѓачите на англиската репрезентација, Рахим Стерлинг и Маркус Рашфорд често пати зборуваат за тоа, истакнувајќи го тоа како нездрава појава во општеството која никако не може да се искорени.

Полицијата побара од социјалните мрежи, пред се од Фејсбук и Инстаграм, побрзо да реагираат во вакви ситуации, дури и пред полицијата, со блокирање, или со бришење на расистичките пораки и текстови.

Политичка димензија

Во меѓувреме, со остра осуда на расизмот и на нападите врз црните англиски фудбалери се огласија Фудбалската федерација (ФА), британскиот премиер Борис Џонсон и принцот Вилијам, кој со сопругата и со најстариот син беше на финалниот натпревар на Вембли во Лондон.

Случајот, меѓутоа, доби и подлабока политичка димензија, откако британските лабуристи ги обвинија премиерот Џонсон и министерката за внатрешни работи Прити Пател дека сегашните нивни осуди на расистичките напади врз црните фудбалери по европското финале, се пример за хипокризија.

Лабуристите обвинуваат дека и премиерот и министерката, прво не се согласуваа со „гестот“ (постапката) на фудбалерите од некои екипи во англиското првенство, да коленичат пред почетокот на мечот, протестирајќи против расизмот воопшто и против расната нееднаквост.

„Празнење“ низ расизмот

Потоа и едниот и другиот никогаш не го осудија исвиркувањето и извикувањето „Уа“ кон играчите додека тие протестираа – коленичејќи. Џонсон тоа го сметаше само како „гест“ и како право на мирен протест. Министерката Пател, пак, во тој „гест“ гледаше и „политика“.

Според лабуристите, меѓутоа, токму од навивачите – иссвиркувачи се регрутирани оние кои на социјалните мрежи сега праќаат расистички навреди за тројцата репрезентативци кои промашија пенал во неделата навечер во финалето против Италија.

Англиската јавност е разочарана и гневна што Англија во првото финале, на едно големо натпреварување, после 55 години, не успеа да освои една титула. Да стане европски првак.

Загубија на пенали, па излегува дека целиот гнев, се истура врз тројцата млади, црни играчи – низ присутниот расизам.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе