Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Кејт Мидлтон во самоизолација

Tom Soper Photography, Kate middleton, CC BY 2.0

Кејт Мидлтон во самоизолација

Кејт Мидлтон, војвотка од Кембриџ и сопруга на британскиот принц Вилијам, од понеделникот е  во самоизолација, каде ќе треба да остане десет денови, откако била во контакт со лице кај кое е утврдено дека е инфицирано со коронавирусот.

Во соопштението на Кенсингтонската палата, резиденцијата на војводата и војвотката од Кембриџ се вели дека Кејт (засега) нема никакви симптоми што би упатувале на тоа дека и таа е заразена, но замина во изолација како превентивна мерка и придржувајќи се за правилата и мерките кои важат за сите граѓани.

Не се споменува каде Кетрин (Кејт) Мидлтон би можела да биде со некој кој веќе бил заразен, но веќе беше објавено дека нејзиното последно појавување во јавноста беше во петокот, на тенискиот турнир во Вимблдон. Таму војвотката ги има посетено музејот на овој најстар и најугледен тениски турнир во светот, како и кујната на која се подготвуваат јадења за учесниците на годинешново натпреварување.

Потоа, заедно со поранешната британска тениска ѕвезда Тим Хенман, на трибините го следела мечот во двојки, во кој еден од партнерите во една од двојките бил британскиот тенисер Џејми Мари, брат на многу попознатиот Енди Мари.

Колку што се знае, Кејт Мидлтон е вакцинирана против коронавирусот, иако не се знае дали ги има примено двете дози.

Веста за изолацијата на популарната војвотка, доаѓа во време кога Британија се соочува со нов налет на пандемијата, но во исто време и најавува дека од 19 јули максимално ќе ги олесни мерките за заштита од коронавирусот.

Меѓудругото, во иднина грижата (и веројатно одговорноста) за сопственото здравје ќе падне на товар на секој Бриатенц. Секој сам треба да одлучи дали ќе носи маска на лицето и дали ќе се придржува на препораките на епидемиолозите за социјална дистанца, односно, дали ќе оди на локации каде се собира  многу народ.

На интернет, во меѓувреме,  се појавија слики од трибината на еден од терените на Вимблдон, на која се гледа како Кејт навива, седејќи покрај Хенман и  уште една друга жена. Само тие тројцата немаат маска на лицето.

„Заштитата од коронавирусот сега станува лична одговорност“ – изјави британскиот премиер Борис Џонсон, навестувајќи ги олеснувањата на анти-ковид мерките.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе