Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Коронавирусот Ламбда отпорен на сите вакцини?

goldenshrimp/Depositphotos.com

Коронавирусот Ламбда отпорен на сите вакцини?

Необична мутација на една нова варијанта на коронавирусот, најверојатно, е отпорна на сите познати вакцини, пишуваат лондонските весници, повикувајќи се на откритија на здравствени експерти.

Медиумите ја пренесуваат загриженоста на британските здравствени епидемиолози, бидејќи овој мутант, отпорен на вакцините, веќе е откриен во Велика Британија.

Станува збор за посебен сој на короната, познат како Ламбда, што за прв пат е забележан во Перу, во Јужна Америка, во декември 2020 година. Проблемот што овој сој сега е регистриран кај новозаразените лица во 27 земји. Освен на јужноамериканскиот континент и во Британија, весниците во Лондон тврдат дека го има и во Европа.

Позаразен од другите корони

Според британски здравствено – епидемиолошки податоци, во периодот меѓу крајот на февруари и почетокот на јуни, годинава, во Британија Ламбда е откриен кај шест лица.

Во Перу, пак, овој сој на коронавирусот е доминантен. Дури 82 отсто од сите новозаразени Перуанци, се инфицирани со овој сој, а трет е по опфатеноста на новоинфицираните, во соседно Чиле.

За Ламбда се верува дека е далеку полесно пренослив во споредба со сите други, веќе појавени и познати вируси – мутанти на основната корона.

Досегашните анализи на експертите со овој сој покажуваат дека овој нов сој е и многу позаразен од Делта вирусот (познат и како индиски), од Алфа вирусот, познат како британски, или како Кент варијанта на короната, или од Гама вирусот (бразилски).

Нов удар на пандемијата?

Истражувачите веднаш испитувале како на него реагираат вакцините, затоа што во тек е вакцинацијата на населението низ светот, откако стана очигледно дека имунизацијата, сепак, успеа да го забави, а некаде и да го запре, напредувањето на короната.

И покрај корона кризата која се обнови во Русија и никако не може да се запре. Потоа во Британија каде одново има по безмалку 30 илјади новозаразени во 24 часови, во Австралија, или и во Израел (!) земја која се рекламираше дека ја победила короната.

Премиерот на Луксембург е префрлен во болница, заразен со корона вирусот, иако ја има примено првата доза од Астра/Зенека вакцината, во ситуација кога оваа мало кнежевство одново бележи раст на новоинфицирани лица.

Откритијата во Чиле

Кога станува збор за Ламбда, најмногу со овој вирус досега се занимаваат експертите во Чиле. Во главната лабораторија за вируси во главниот град Сантјаго откриле дека овој мутант успева да „преживее“ во судирот со вакцината, која не успеала да обезбеди имунитет за да спречи заразување.

За пример се посочува анализата на семплови од крвта на еден вработен во чилеанското здравство кој бил инфициран со Ламбда, а имал примено една од неколкуте кинески вакцини што се присутни во Чиле.

Јужна Америка учествува во светската популација со осум отсто, но во глобалната инфицираност со коронавирусот нејзиниот удел се искачува до 20 отсто. Пред се, поради катастрофалната состојба со пандемијата во Бразил, но и во Перу.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе