Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Трка во вселената на милијардери

"Range Rover Helps Unveil New Virgin Gala" (CC BY 2.0) by landrovermena

Трка во вселената на милијардери

Веќе подолго време, тројца милијардери – Илон Маск, Џеф Безос и Ричард Брансон – се наоѓаат во една необична трка – кој прв ќе полета во вселената. Како сега стојат работите, меѓутоа, изгледа дека победник ќе биде Британецот Брансон – кој најави дека на 11 јули ќе лета во вселената во космичкото летало на неговата компанија Вирџин Галактик.

За разлика од основачот и сопственик на Амазон – најбогатиот човек во светот – кој најави дека неговиот лет е планиран за 20 јули, во бродот на неговата компанија означен како „Блу Ориџин“, Брансон објави дека серијата пробни летови од леталото „Space Ship Two” почнува на 11 јули.

Сепак, во соопштението на брансоновата компанија „Вирџин Галактик“ се вели дека сето тоа ќе зависи од временските услови и од техничката спремност на леталото.

Џастин Бибер и Дикаприо

Брансон ќе ја помине истата обука за летот, каква ќе имаат и идните астронаути на „Вирџин“. Неговиот лет ќе биде директно пренесуван – он лајн.

Основачот (и сопственик) на „Вирџин“, имаше голем успех минатиот месец кога неговата ракета успеа да се искачи до висина од 55,4 милји, како во вселената, така и на нејзиниот раб.

Со лансирањето на 11 јули, Брансон ќе може да рече дека почнува да се остварува неговата долгогодишна намера за профитабилно работење на т.н. вселенски туризам. Низа познати личности од светот на забавата и филмот, како Џастин Бибер, или Леонардо Дикаприо веќе имаат резервирано и платено кари за летовите со неговата компанија.

Што се однесува до двајцата Американци, Безос останува да тоа неговото летало да се лансира девет денови по она на Брансон. Овие денови се одбележува годишнината од историскиот лет на „Аполо 11“ и првото слетување на Месечината, па по тој повод сопственикот на Амазон, инсистира токму тогаш да полета неговата ракета „Блу Оринџ Њу Шепард“.

Безос со тројца патници

На овој лет, Безос нема да оди сам.

Еден богат Американец, на специјално организирана аукција, има платено 28 милиони долари за место во вселенското летало, за да патува со газдата на Амазон. И ова, како и она на Брансон, ќе биде прво туристичко патување за безосовата компанија, а парите платени на аукцијата, се искористени за хуманитарни цели.

Освен нив двајцата, во леталото ќе бидат и братот на Безос, како и една жена – почесна гостинка на целата мисија. Станува збор за Вали Фанк, дел од вселенската програма „Меркјури“ од шеесеттите години на 20 век, која иако ги имала поминато обуката и сите тестови, никогаш нема летано, затоа што тогаш тоа можеле да го прават само мажите – астронатути.

Се вели дека таа, сега ќе стане најстариот вселенски патник, откако досега таа титула ја носеше космонаутот Џон Глен – првиот Американец кој „шеташе“ во вселената. На возраст од 77 години, во 1998 година, Глен леташе во вселенскиот шатл „Дискавери“.

Маск сонува за Марс

Вселенската истражувачка технологија на Илон Маск, пак, и тој самиот важат за доминантни играчи во т.н. комерцијален вселенски сектор во САД, особено откако станаа и главен партнер на вселенската агенција НАСА.

Сега неговата компанија ги пренесува астронаутите од Земјата до меѓународната вселенска станица, додека оваа есен, неговата вселенска капсула „Драгон“ ќе одведе во вселената четворица астронаути кои треба три денови да останат во вселенскиот простор.

Оние кои го познаваат велат дека тој е опседнат со тоа – луѓето да почнат да се населуваат на сите планети во сончевиот систем, но, пред се, на Марс. Тој сонува за тоа, да однесе луѓе на загонетната „Црвена планета“, на која засега слетуваат само ровери.

НАСА ја одбра токму компанијата на Маск – Спејс Икс – за изградба на вселенско летало, за испраќање луѓе на Месечината.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе