Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ослободена за убиство на сопругот-насилник

RMC/Youtube

Ослободена за убиство на сопругот-насилник

Французинката Валери Бако која целиот свој живот го има поминато изложена на злоставување и насилство од страна на својот сопруг, беше прогласена за виновна од судот во еден град во источна Франција, за убиството на сопругот. Но таа, сепак, како слободна замина од судот.

Процесот што предизвика големо внимание во француската јавност и силно бранување кај активистите кои се борат за женски права и против насилството врз жените, кои бараа Бако да биде ослободена, заврши на тој начин што жената беше осудена на затворска казна од четири години.

Меѓутоа, пресудата беше така определена што три од четирите години беа прогласени како условна казна, а бидејќи Бако веќе една година има поминато во затвор – судот ја пушти таа да замине слободна, дома – кај своите четири деца.

Убиениот – очув, па сопруг

Убиството се случило уште во 2016 година, но епилогот на овој, според француските медиуми, мачен случај што никој не сакаше да го квалификува како злосторство, доаѓа после пет години и на големо олеснување и задоволство во домашната јавност.

Пресудата била поздравена со аплауз од присутните во судницата, додека при заминувањето на жената од зградата на судот, била испратена со извици – „Браво“! Над 700 илјади Французи се имаат потпишано под петицијата до обвинителството и до судот, Бако да биде ослободена од секаква одговорност.

Физички и психички целосно истоштена, во текот на сведочењето Валери Бако (40), во еден момент се онесвестила. Сепак, откако се повратила,  уште еднаш ја раскажала приказната за својот мачен живот.

Била злоставувана уште како девојче, на 12 години, од еден ист човек – од убиениот – кој прво и бил очув, а по смртта на мајката и станал сопруг. Но, веднаш почнал со насилствата – присилувајќи ја да се занимава со проституција и на тој начин да придонесува со пари.

Злоставувана од 12 години

Таа признава дека го убила сопругот – насилник. Но, се брани  дека се одлучила на тоа откако, веќе самата со години на ред злоставувана, разбрала дека убиениот се подготвува тоа да го прави и со ќерката – и неа да ја присили да се проституира.

Во првата изјава по ваквата пресуда, Французинката рекла дека прво сака да се здружи со семејството – со своите деца со кои се нема видено една година, а потоа да се избори за  целосна рехабилитација.

„Тоа што не сум во затвор не е крај на мојата приказна. Сега сакам да ми се поништи казната на која сум осудена“ – има речено Бако, имајќи ја притоа поддршката на добар дел од јавноста во Франција.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе