Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Институтот во Вухан одгледувал лилјаци

SURZet/Depositphotos.com

Институтот во Вухан одгледувал лилјаци

 

Институтот за вирологија во кинескиот град Вухан, одгледувал и чувал во кафези живи лилјаци, за што постоел посебен таен оддел во лабораторијата на оваа институција која работи во рамките на кинеската Академија за наука – открива австралиската телевизија Скај.

Ваквото откритие ги отфрла како неточни и лажни сите деманти на кинеските власти, но и на Светската здравствена организација (СЗО) и на нејзините истражувачи за тоа дека Институтот нема чувано живи лилјаци, при што ваквите тврдења се означуваат како “обични теории за правење заговор“.

Скај-Австралија во понеделникот има прикажано посебен десетминутен филмски приказ за тоа – инаку (порано) направен од кинеската Академија на науки .Од него  може да се разбере дека уште во мај 2017 година, во лабораторијата на Институтот во Вухан била покрената ТРЕВОГА од четврти степен – тогаш како мерка за безбедност од МОЖЕН ИНЦИДЕНТ при манипулацијата со лилјаците со кои работеле тамошните истражувачи.

Предупредување од порано

Ваквата состојба биле воведена затоа што Институтот и неговите луѓе „имале постојани конфликти и недоразбирања“ со француската влада, во текот на изградбата и уредувањето на специјализираната лабораторија за истражување. Едноставно, уште тогаш постоел страв дека би можело да се случи експериментите кои се правеле со лилјаците, да излезат од контрола и да се најдат надвор од најбезбедните делови на Институтот, предизвикувајќи опасна зараза за населението.

Вухан е град од 11 милиони жители и во него се наоѓаат неколку институти и лаборатории кои работат со вируси, меѓу кои и со вирусот на САРС – Ков 2.

Вирусот на короната се наоѓа во пештерските лилјаци што некои нивни врсти се користат како храна кај дел од кинеското население. Градот Вухан се означува како ЕПИЦЕНТАР на коронавирусот и локација од каде тргна глобалната пандемија со Ковид – 19.

Видео приказот на Скај – заглавен како „Истражувачкиот тим на Вухан П – 4 лабораторијата при Институтот за вирологија при кинеската Академија за науки“ – открива дека во неговата лабораторија, во посебни кафези, држеле лилјаци и при тоа се гледа како биле хранети со црви и со глисти. Во видео снимката има и извадоци од разговори со кинеските научници.

Примати за експерименти

Во конечниот извештај на научната екипа на СЗО која го истражуваше потеклото на коронавирусот што 18 месеци го држи во опсада целиот свет, не се ниту споменува дека во Институтот што, инаку, беше дел од истрагата, се чувале ЖИВИ ЛИЛЈАЦИ, освен на самиот крај, во анексот на изготвениот материјал, само патем, се споменува.

Во специјална просторија во лабораторијата, целата со животни, уредена како посебно одделение на П – 4, Кинезите чувале и манипулирале со цела низа разни видови од овие животни, вклучувајќи и т.н. ПРИМАТИ со кои, всушност, се експериментирало со состојбите САРС – Ков – 2.

Телевизијата Скај цитира изјава на членот на екипата на СЗО, зоологот Петер Дашок кој тврди дека претставува “заговор“ да се тврди дека лилјаци се држени за експериментирање во Институтот во Вухан. Тоа е сосема истоветно со тврдењето на кинеските  власти дека станува збор за „злонамерност и за меѓународен заговор“ кога се тврди дека се експериментирало со лилјаците за да се дојде до нов (корона) вирус кој би бил многу поопасен и полесно распространлив, од оној што лилјаците, инаку, го носат со себе.

Овој зоолог во декември 2020 година, на Твитер има напишано за ваквиот “заговор“ против Кина и Институтот во Вухан.

Безбедносен пропуст?

„Работам на оваа материја и со Институтот соработувам 15 години, но тие НЕМААТ НИТУ ЖИВИ, А НИТУ МРТВИ ЛИЛЈАЦИ во истражувачката лабораторија. Станува збор за грешка при ваквото тврдење за која верувам дека ќе се исправи” – рекол Дашок во својата твитер изјава.

Овој месец, меѓутоа, тој се има обидено да се исправи самиот себе си, признавајќи дека можеби и грешел, односно дека Кинезите можеби чувале лилјаци, но дека за тоа никогаш го немаат известено.

Прилогот на ТВ Скај-Австралија е обезбеден од истражувачи кои трагаат по коренот на коронавирусот и на пандемијата, добивајќи сознанија од внатрешни луѓе кои одамна имаат изразено сомнение дека експериментите можат да излезат од контрола.

Поголемиот дел од научната јавност во светот верува дека короната е, сепак, создадена во лабораторијата во Вухан, при што е користен вирусот на лилјаците што потоа бил лабораториски надграден. Се верува дека (најверојатно) поради слаби безбедносни мерки, вирусот “излегол“ од лабораторијата и се раширил – прво низ градот, а потоа и низ Кина и целиот свет.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе