Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Лапид и Бенет се спогодија за коалиција

"Israel’s Minister of Education and Diasp" (CC BY-NC-ND 2.0) by BrookingsInst (2015)

Лапид и Бенет се спогодија за коалиција

 

Двајцата израелски опозициски политички лидери и идеолошки противници – Јаир Лапид и Нафтали Бенет – се спогодија за создавање коалиција и за коалициона влада – врз анти Бенјамин Нетанијаху основа. Договор за тоа е постигнат непосредно пред полноќ, меѓу среда и четврток, пред да истекне крајниот рок што им беше оставен за да се формира влада на Израел, откако претходно мандатот го врати досегашниот (технички) премиер.

„Оваа влада ќе работи за сите израелски граѓани – како за оние кои гласале за неа, така и за оние кои на изборите се определиле против“ – има напишано на Твитер Лапид.

Според постигнатиот договор, Лапид и Бенет ќе се ротираат на премиерската функција, во следните четири години. Во првите две години, до 2023, премиер ќе биде Бенет, а во другите две години, до крајот на мандатот, во премиерската фотеља ќе биде Лапид.

Прв пат арапска партија

Во коалицијата има дури осум разни партии од левицата, од политичкиот центар и од десницата кои одбија да влезат во коалиција со Нетанијаху, за кого се вели дека веќе „на сите им има здосадено“. Станува збор историска коалиција – како што ја нарекуваат израелските аналитичари во своите први реагирања за постигнатиот договор, затоа што како еден од партнерите е и малата исламистичка партија – Обединета арапска листа.

Таа има освоено четири пратенички места, но најзначајното е тоа што таа е ПРВАТА АРАПСКА ПАРТИЈА – која било кога досега, од создавањето на државата Израел во 1948 година, била дел од некоја владејачка коалиција.

Сега останува Кнесетот (Парламентот) да го потврди договорот на Лапид и на Бенет. Расправата и гласањето се очекува да се изврши во текот на идната недела. Доколку новата коалиција Лапид-Бенет биде прифатена и добие во Парламентит барем 61 гласови, тоа ќе значи дека овие двајца политичари ќе ја завршат 15 годишната власт на Нетанијаху.

Нетанијаху во „очајничка ситуација“

Медиумите во Ерусалим предупредуваат дека „вечниот Биби“ како што го нарекуваат Нетанијаху, се наоѓа во „очајничка ситуација“ и дека во таквото расположение е подготвен на се што му стои при рака, за да го спречи изгласувањето на новата влада во која, конечно, нема да бидат партијата Ликуд и Нетанијаху.

Јаир Лапид е роден во 1963 година во Тел Авив. Пред да влезе во политиката се занимавал со пишување и работел како угледен телевизиски новинар. Во 2012 годија ја има создадено партијата Јеш Атид (Има Иднина).

Нафтали Бенет важи за политичар кој многу добро се познава со Нетанијаху. Тие двајцата се сосема блиски, како некогашни соработници – од 2006 година, кога Бенет беше помошник на Нетанијаху кој, пак, тогаш беше лидер на опозицијата. Подоцна стана и министер во владите на Нетанијаху кога овој ја презеде премиерската функција. Бил министер за одбрана, за образование, како и за економија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе