Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Борис ги измами Британците – со тајна свадба

PA/10 Downing Street

Борис ги измами Британците – со тајна свадба

Британскиот премиер Борис Џонсон (55) ја измами британската јавност, откако на нему блиските лондонски таблоиди- претходно- им беше протурена информација дека тој и неговата свршеничка Кари Симондс (33) ќе се венчаат – во јули 2022 година- како и дека за тој датум се испратени покани.

Се покажа, меѓутоа, дека и весниците и Британците се излажани – затоа што во саботата, непредвидливиот Борис, се венча на тајна свадба во католичката катедрала Вестминстер во Лондон.

Претходно измамените „Сан“ и „Дејли Меил“ се единствени кои (први) открија за венчавката, на која (поради се уште важечките епидемиолошки прописи) се собрале само 30 гости – роднини и најблиските пријатели на младоженецот и на невестата.

Налутени медиуми

Според овие таблоиди – безбедносните служби – во саботното пладне – наеднаш-  го испразниле платото пред црквата, по што се појавило луксузно возило со невестата во него, а малку по тоа и службениот автомобил на премиерот – во кој бил младоженецот Џонсон.

Никој друг ја немаше откриено тајната венчавка, а портпаролот на Даунинг стрит 10 дури одбил и да го коментира нивното пишување!?

Подоцна, кога „тајната“ беше разбиена , незадоволна од  измамата, лондонската телевизија Скај има откриено дека портпаролот на владата им признал дека владиниот кабинет не знаел за свадбата, а дека нему “категорично му било забрането, било што да изјавува и да коментира во врска со настанот“.

Ова е трет брак на Џонсон, а прв на Симондс.

Свадбена веселба – догодина?

Актуелниот премиер прв пат се има оженето на 23 годишна возраст. Со втората сопруга, со која имаше долг и тежок развод, има четири деца – две ќерки и два сина. Тој и Кари со која живееше во невенчана врска во премиерската резиденција, веќе имаат син, на едногодишна возраст уште додека не беа венчани.

Таблоидите откриваат дека Џонсон има уште едно дете – од една вонбрачна врска, додека уште бил во вториот брак. Но, Борис ова дете не го признава за свое.

Сега- откако беа објавени и фотоси од младенците, веднаш по венчавката- приказната за свадбата по една година продолжува. Во ново соопштение се вели  дека свадбената веселба ќе биде следното лето –  во јули 2022 година. Но , журка, сепак, имало во саботата вечерта, во службената резиденција на премиерот.

Поранешниот прв советник – Доминик Камингс, сега остар критичар на својот екс шеф, има изјавено дека во времето кога требаше да се бори со пандемијата, Борис Џонсон беше “целиот растргнат со разводот од втората сопруга, со тоа да ја открие врската со неговата, тогаш девојка Симондс, веќе бремена, како и со објавувањето на нивната свршувачка“.

Остана само нејасно зашто на еден британски премиер му требаше измамата- лажната најава за венчавка дури по 13 месеци – кога се било уредено да се случи за 48 часови по објавената вест на „Сан“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе