Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Франција: Карантин за патниците од Британија

taborov/Depositphotos.com

Франција: Карантин за патниците од Британија

Франција е најновата европска земја, меѓу членките на ЕУ, која воведе рестрикции за патниците кои доаѓаат од Велика Британија, поради тамошниот продолжен раст на инфицираните Британци со индиската варијанта на коронавирусот.

Во соопштението на француските власти се вели дека од 31 мај, сите лица кои доаѓаат од британските острови ќе мораат да останат во карантин – седум денови.

Претходно, вакви мерки имаат воведено Германија, која има наложено карантин за Британците од 14 денови, како и Австрија која од 1 јуни, целосно ги забрани директните летови од британските градови кон Виена и другите австриски аеродроми.

Забрзан раст на индискиот вирус

Според британските здравствени власти, индискиот вирус забрзано се шири низ Британија, па засега има околу 4000 регистрирани случаи, што е речиси двојно повеќе отколку во претходната недела.

Станува збор за варијантата на вирусот позната како В.1.617.2.

Главниот британски епидемиолог проф. Крис Вити изјави за лондонските медиуми дека индиската варијанта на вирусот е ПОЛЕСНО ПРЕНОСЛИВА од британскиот вид на короната, познат уште и како вирус Кент, затоа што за прв пат се појави во оваа југоисточна англиска област.

Токму британскиот вид на вирусот беше причина за големата смртност во Велика Британија оваа зима, која предизвика земјата да се искачи на петтото место во светот, според бројот на жртвите од пандемијата.

Вити оценува дека како сега стојат работите, индискиот вирус ќе стане доминантен во Британија, а од таму може да се пренесе низ Европа, како што тоа се случи и со вирусот од Кент. Но овој епидемиолог вели дека сега ситуацијата е, сепак, поинаква, затоа што тука се вакцините, а две дози од Фајзер или од Астра/ Зенека, се ефикасни во борбата со оваа најнова варијанта на короната.

„Жолта“ листа

Индиската варијанта, меѓутоа, полесно се справува со вакцината, доколку е примена само една доза – како што е тоа случај со мнозинството вакцинирани Британци.

Франција, Германија и Австрија, како и Шпанија се на т.н. „жолта“ листа на држави за патувања на Британците што ја имаат направено властите во Лондон.

Според оваа листа, тоа значи дека не се забранува патување, на пример, во овие четири држави од ЕУ, но на луѓето им се советува да не патуваат таму, доколку не мораат. И, по враќањето, сите се подложни на задолжителен карантин.

Франција, сепак, од 9 јуни ќе дозволи влез за британските државјани, доколку ги имаат примено двете дози вакцина. Шпанија, пак, која е на „жолтата“ листа веќе има дозволено влез за британските туристи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе