Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Бред Пит ја „порази“ Анџелина Џоли

arp/Depositphotos.com

Бред Пит ја „порази“ Анџелина Џоли

Бред Пид ја доби долгата судска битка со својата поранешна сопруга Анџелина Џоли, околу старателството врз нивните деца.

Двојката, некогаш позната како Бранџелина се разведе во 2016 година, откако 11 години беа во брак и од тогаш трае нивната „војна“ по судовите за тоа кој од нив двајцата да биде старателот. Сето тоа се заврши деновиве кога еден судија во Калифорнија пресуди во полза на Бред Пит.

Според судската одлука тој ќе има право многу повеќе од досега да биде заедно со децата кои се и негови. Станува збор за пет деца (две од нив се близнаци) на возраст од 17 години, најстариот до 12 години, колку имаат близнаците.

Анџелина Џоли, меѓутоа, има изјавено дека битката не е се уште завршена и таа ќе продолжела да се бори против Пит. Таа сака да биде единствениот законски старател, иако нејзини блиски пријатели имаат речено дека – во принцип – Џоли нема против делба на старателството, но дека има уште низа други работи кои пред тоа требало да се разрешат.

Во долгиот процес, што и Пит и Џоли настојуваа да остане подалеку од медиумите, биле вклучени голем број сведоци, потоа разни правни експерти, како и терапевти. Поранешната сопруга е лута на судијата што не дозволил како сведоци да бидат повикани и децата.

Во еден период, Џоли го обвинуваше Бред Пит за насилство во бракот, како и за „потенцијално“ сексуално злоупотребување на децата (!?) но многу брзо по тоа, ваквите нејзини обвинувања беа отфрлени – како неточни и злонамерни, а таа повеќе не ги користеше како „аргументи“ против бившиот сопруг.

Пред бракот со Џоли, актерската ѕвезда Бред Пит беше свршеник на Џенифер Анистон (ѕвездата на серијата „Пријатели“). Анџелина, пак, пред Пит, со кого беше во врска од снимањето на филмот „Господинот и госпоѓата Смит“ – беше два пати мажена. Со Џони Ли Милер и со Били Боб Торнтон.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе