Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

ЕУ затворена за Белорусија

ЕУ затворена за Белорусија

Европската унија  го затвори воздушниот простор на Унијата- на сите нејзини 27 земји членки- за авионите на Белорусија и се определи за остри санкции против режимот на Александар Лукашенко.

Ваквото решение на Самитот на ЕУ е донесено по грабнувањето на патничкиот авион на ирската компанија „Рајан Ер“ за време на летот од Атина до Вилнус, во Литванија, додека леталото се наоѓаше во белорускиот воздушен простор.

Апсење на Проташевич

Режимот на Лукашенко го присили ирскиот „Боинг“ да го прекине летот за литванскиот главен град и да се спушти на аеродромот во Минск, лажно предупредувајќи го пилот дека во авионот има експлозивна направа, само за да се уапси 26 годишниот новинар- блогер Роман Проташевич, остар критичар на белорускиот претседател и еден од тамошните опозиционери. Тој и неговата девојка биле во авионот патувајќи од Грција за Литванија.

Двајцата се уапсени веднаш откако леталото беше испразнето ( наводно) за да се трага по „бомбата“ – што нормално ја немаше. Заедно со нив се уапсени шест лица кои беа на списокот на патниците. Проташевич бил на листата на лицата по кои белоруските власти трагаа, уште од минатогодишните анти Лукашенко протести, за да ги уапсат и за да ги казнат.

Европскиот совет , во кои се лидерите на сите земји на ЕУ, остро го има осудено присилното приземјување на еден авион на Унијата додека летал меѓу две други земји -членки, при што е направен случај без преседан во Европа , диектно е загрозена безбедноста на авио-сообраќајот и се киднапирани и затворени две лица.

Дополнување на санкциите

Ваквата постапка на режимот во Минск, која некои од земјите членки ја означија како државен тероризам и воздушно пиратство, Европскиот совет остро ја осудува барајќи од Меѓународната организација за цивилни летови (ИЦАО) детална истрага, како и прошпирување и заострување на санкците против Белорусија и на нејзини функционери. Некои европски лидери бараат под санкции да се стават сите високи функционери во Минск.

Поради силната репресија врз припадниците на опозицијата и наместените претседателски избори од 9 август 2020 година, ЕУ веќе има воведено санкции со забрана за патување во Унијата и со замрзнување на имотот на 88 поединци, вклучувајќи го и Лукашенко.

Брисел во оваа прилика и изразува силна подршка на Литванија, откако режимот во  Минск , во понеделникот го протера литванскиот амбасадор и целиот нејзин персонал, обвинувајќи го Вилнус дека на Светското првенство во хокеј (намерно) го замениле знамето на Белорусија сои она што на протестите го истакнуваат белоруските опозиционери.

Лажна порака од лажен Хамас

Брисел веќе наложи компаниите на земјите од Унијата повеќе да не летаат над белорускиот воздушен простор, а прва која соопшти дека ќе ја заобиколува Белорусија е француската компанија „Ер Франс“.

На острата реакција на европската и  меѓународната јавност на „гангстерството“ на Минск , како и на новите санкции на ЕУ, режимот на Лукашенко одговори со ароганција, цинично тврдејќи дека посадата на авионот самата одлучила да се врати назад , а леталото да атерира  „без никаков притисок“ откако им било речено за приената дојава за екслозив во авионот.

Тамошните власти тврдат дека била примена и-мејл порака од некој кој се претставил дека зборува во името на милитантната палестинска организација Хамас.

Наводно, овој претставик рекол во пораката дека Хамас бара од ЕУ да ја прекине подршката за Израел, па дека затоа во „Боингот“ на „Рајан Ер“ била ставена бомба. Се покажа дека сето тоа било лажно и е секако наместено , само за да од авинот биде извлечен Проташевич- за да му се суди и за да биде казнет затоа што е опозиција на диктаторот Лукашенко.

Затвор за опозиционерите

Целата оваа вознемиреност, посебно во Европа за направениот преседан , каков немало ниту во време на „студената војна“ , или за последен пат било користено ( само како обид) во Втората светска војна, против тогашниот британски премиер Винстон Черчил, од страна на нацистичка Германија, како да не го тангира Лукашенко.

Диктаторот кој ја има силната подршка од Москва, токму сега донесе закон со кој остро се ограничува и онака ограничената слобода за медиумите и им пресуди на блоруските опозиционери.

На затворен судски процес, режимот ги осуди Павел Севаринец и шестмина други, на затворски казни од четири до седум години. Тие се виновни затоа што учествувале во демонстрациите минатиот август, против повторниот (фалсификуван) избор на Лукашенко, за неговиот шести по ред мандат.

Севаринец , инаку, е лидер на нерегистрираната демохристијанска партија на Белорусија. Тој и партиските активисти, пред изборите од 9 август, водеа кампања против Лукашенко и неговата власт.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе