Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Разводот на Безос најскап досега

"Jeff Bezos" (CC BY 2.0) by jurvetson

Разводот на Безос најскап досега

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс, после 27 години поминати во (се мислеше) среќен брак, продолжува да привлекува внимание на бројните сеирџии низ светот.

Најмногу околу тоа што е причината, потоа кој треба да е виновен за да сопругата во барањето до судот за отворање бракоразводна парница – напиште дека нивниот брак е „непоправливо пропаднат“. Но, најмногу внимание, сепак, привлекува прашањето – колку досегашната госпоѓа Гејтс ќе добие по разделбата со Бил.

Попрецизно речено – интересот е за тоа дали овој милијардерски развод ќе чини повеќе од оној на Џеф Безос, основачот и сопственик на Амазон и најбогатиот човек на светот. За разводот на Безос и неговата сопруга Мекензи, кои во брак беа 25 години, се знае дека чинеше 38 милијарди и – засега – важи за убедливо најскап во историјата.

Трета најбогата жена

Благодарејќи на богатиот развод, Мекензи стана третата најбогата жена во светот, а нејзиниот доскорешен сопруг Џеф, не само што остана најбогат, туку своето богатство во ова време на Ковид и пандемија го зголеми, па сега изнесува 200 милијарди долари.

Медиумите и натаму тврдат дека причина за разводот е врската на Безос со американската ТВ водителка Лорен Санчез, иако таа и натаму е во брак со холивудскиот тајкун и ловец на таленти Патрик Вејтсел.

Како и во случајот со Мелинда Гејтс, која Бил ја има запознаено во неговиот Мајкрософт, каде работела како еден од помладите менаџери, така и Џеф Безос ја запознал Мекензи која работела во неговата фирма. Се венчале после само три месеци од почетокот на врската.

„Пријателски“ развод на Мардок

Меѓу извиканите и скапи разводи се смета и разводот на медиумскиот тајкун, сега веќе 90 годишниот Руперт Мардок од неговата втора сопруга, новинарката Ане Мари Торв.

Во брак беа 31 година, но се разведоа во 1998 година. Велат дека разделбата била „пријателска“, но Мардок во разводната постапка прифатил од неговото вкупно богатство екс сопругата да добие 1,7 милијарди долари, како и 110 милиони во готови пари.

Само 17 денови по разводот, Мардок се прежени со Венди Данг, а бившата госпоѓа Мардок, стапи во брак со Вилијам Ман – шест месеци по разводот.

Американските таблоиди во ваквата листа на „славни“ разводи го споменуваат и раскинот на бракот на најпознатиот светски, професионален играч на голф, Тајгер Видс, со Елин Нордегрен. За овој развод се зборува дека чинел безмалку милијарда долари, иако таа вредност никогаш не е потврдена. Вудс во брак со Елин беше шест години.

Маките на „Индијана Џонс“

Во истата категорија се става и разводот на поранешната кошаркарска ѕвезда Мајкл Џордан и сопругата Хуанита Ваној, неговата прва сопруга. Во брак беа од 1989 до 2006 година. Според медиумите, Џордан на Ваној и има исплатено над 170 милиони долари.

Актерот и ветеран во Холивуд Харисон Форд – најпознат по филмскиот лик Индијана Џонс – по разводот од Мелиса Метисон, во 2001 година, има платено 90 милиони долари, но нивната бракоразводна парница одеше најтешко и најдолго од сите овие споменати – дури три години.

На крајот мораше да прифати да плати (непознат за јавноста) процент од заработувачката од сите негови филмови што ќе ги снима до времето кога сите нивни деца ќе станат полнолетни.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе