Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Бугарска брачна двојка шверцувала бебиња

AllaSerebrina/Depositphotos.com

Бугарска брачна двојка шверцувала бебиња

Обвинителството во Софија соопшти дека брачна двојка од Бугарија, осомничена за шверц на бебиња во Грција е уапсена во Германија.

Во февруари годинава, за оваа двојка бил издаден европски налог за потера и апсење, откако полицијата имала бројни сознанија дека мажот и жената чиј идентитет не е соопштен, биле дел од организирана криминална група која се занимава со шверцување бебиња во Грција.

Во соопштението на бугарското обвинителство се вели и дека покрај брачната двојка, во Софија бил уапсен и нивниот син.

Породување и продавање во Грција

Уапсените, уште од 2015 година почнале со оваа криминална работа, на тој начин што прво ќе заврбувале бремени млади жени од посиромашната средина во Бугарија, ветувајќи им пари – од 2500 до 3500 евра – за да потоа ги префрлале во Грција, каде до породувањето биле сместени во изнајмен стан во Атина.

Неколку денови по породувањето, овие жени ги предавале бебињата на двојката – Бугари кои потоа ги препродавале на локални шверцери на деца и на луѓе, а овие понатаму ги продавале на меѓународниот пазар, на родители кои немале свои деца. Претпоставка е дека бугарската брачна двојка била дел од постоечката меѓународна, криминална мрежа за трговија со бебиња.

Досега е утврден идентитетот на девет жени од Бугарија кои си ги продале бебињата уште додека биле бремени. На почетокот овој „бизнис“ бил раширен само меѓу припадниците на ромската етничка заедница во земјата а посебно во околината на приморскиот град Бургас. Но, полицијата во Софија тврди дека сега го има и во другите делови од земјата и меѓу припадниците на другите етнички заедници.

Раширен „бизнис“

Во најголем број случаи, бремените жени и бебињата биле носени и препродавани на територијата на Грција.

Како причина за ширењето на овој вид криминал се смета дека е бавната постапка за легално усвојување бебиња и мали деца, која порано траела и до пет години. Долгата и развлечена постапка, се верува дека има поттикнато многу брачни двојки без деца, да се определат бебе да си купат на „црниот“ криминален пазар.

Од 2018 година, во Бугарија законот е изменет, па и времето за чекање за дозвола за усвојување и намалено. Меѓутоа веќе разгранетиот криминал на илегална трговија со новороденчиња и натаму постои. Многу побрзо и полесно бебе може да се купи.

Бугарските власти веќе имаат издадено барање за екстрадиција на уапсената двојка. Доколку бидат прогласени за виновни, може да бидат осудени на затворска казна од пет до 15 години.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе