Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Бојно поле“ во Ламанш за рибите

ratherton/Depositphotos.com

„Бојно поле“ во Ламанш за рибите

Недоразбирањата меѓу француските и британските рибари, но и меѓу Франција и Британија, околу рибарењето во Ламанш, ескалира, па владата во Лондон се одлучи да испрати ДВА ВОЕНИ БРОДА, во разбрануваните каналски води, што сега патролираат околу островот Џерси.

Ваквата одлука е донесена откако француските власти предупредија дека би можеле да ја запрат испораката на струја за овој британски остров, со широка автономија, лоциран до францускиот брег, доколку на нивните рибари не им биде дозволен пристап во британските територијални води.

Воинственост од Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон, во својот веќе препознатлив, популистички стил на работење, вети „непоколеблива поддршка“ за Џерси и на неговите жители, откако локалните власти го имаат известено дека Франција би можела да им воспостави поморска блокада.

Даунинг стрит 10, смета дека треба да дојде до деескалација на тензиите, но дека сепак, како мерка “за секој случај“ Лондон испраќа воени бродови, за кои и не се знае дали тоа ќе отворат оган врз „непријателот“, како и тоа што би бил поводот за евентуална нивна интервенција.

Претходно, францускиот министер за поморство Аник Жирадин има изјавено дека “и се згадило“ кога слушнала дека властите на Џерси издале 41 дозвола за рибарење, проследени со “еднострано наметнати услови“ – како што е времетраењето што француските рибари и нивните бротчиња може да го поминат во британските води.

Според министерката Жирадин, во спогодбата за Брегзит, меѓу ЕУ и Британија, се предвидени и „мерки за одмазда“, а во една ваква ситуација, Франција е подготвена и да ги употреби, потсетувајќи дека со подводни кабли, Џерси се снабдува со електрична енергија од Франција.

Закана од Франција

„Ако работите не се изменат, ние сме подготвени да ја запреме испораката на струја“ – има речено оваа француска министерка.

На островот Џерси живеат малку над 100 илјади жители. Дури 95 отсто од потребите за струја, жителите ги задоволуваат со француска струја. На островот се инсталирани и турбини и генератори на дизел гориво и на гас, но тие никогаш не се користат – служат само како резерва за вонредни ситуации.

Џерси е на само 23 км. од брегот на северот на Франција и 140 км. од југот на Англија.

Неговите локални власти кои сега се обвинуваат за избувнување на актуелната криза тврдат дека дозволи за рибарење околу нивниот брег издават според одредбите на спогодбата со ЕУ, по Брегзит.

Властите на Џерси инсистираат дека секоја нова дозвола „зависи од времето што бродот (кому дозволата му се издава) го има поминувано во британските води околу островот, пред излегувањето на Британија од ЕУ и пред постигнувањето на договорот за трговија по Брегзит“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе