Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Обнова на арената во Колосеумот во Рим

Zolthan/Depositphotos.com

Обнова на арената во Колосеумот во Рим

Една инженерска фирма од Милано ќе работи на обновата на борбената арена на римскиот Колосеум – соопшти италијанското министерство за култура.

Фирмата ја има добиено оваа работа, благодарејќи на својот проект што го има понудено на тендерот, според кој теренот во арената ќе биде покриен со дрвени летви што ќе бидат покретни, а во исто време ќе се обезбедува природна вентилација на подземниот приод кон арената, оној по кој некогаш се пуштале да минуваат животните, но и робовите кои требало да се борат со нив.

Според министерството, станува збор за чекор кон реконструкција на арената, но одобрениот проект е во предност пред другите, затоа што единствен, како што се вели, води сметка и за зачувување на археолошката структура на Колосеумот.

Засега не е најавено кога ќе се почне со градежните работи на овој значаен историски споменик од времето на Римската империја, но италијанските медиуми наведуваат дека тоа би можело да се случи веќе кон крајот на оваа, или во почетокот на идната 2022 година. Доколку се запази овој термин за почеток, планирано е работите на реконструкцијата да биде завршени до 2023 година.

Римскиот Колосеум важи за најпосетената туристичка атракција во цела Италија. Ова монументално здание, познато и како „Флавиевиот амфитеатар“ е градено во времето меѓу 72 – та и 80 – та година пред нашата ера.

Во Стариот Рим, Колосеумот имал различна намена, но пред се, служел за одржување јавни спектакли за богатите Римјани и за плебсот (за народниот).

Најмногу за борби до смрт на гладијаторите, или за борба на гладијаторите (избрани меѓу робовите) со животни (со лавови најчесто), но и за симулација на големите битки, како и за јавни егзекуции.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Култура

Горе