Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Џеј Ло со „силни чувства“ кон Бен Афлек

PopularImages/Depositphotos.com

Џеј Ло со „силни чувства“ кон Бен Афлек

Џенифер Лопез се уште има „силни чувства“ кон нејзиното поранешно момче, актерот Бен Афлек – пишуваат американските медиуми кои ги следат животите и приватноста на познатите личности.

Популарната пејачка и актерка Џеј Ло (51) и Афлек (48) се имаат сретнато во текот на изминатиот викенд во Лос Анџелес. Извори блиски до обајцата, изјавиле за медиумите дека тие “и натаму негуваат восхитеност едниот кон другиот„. Потоа се открива дека одржувале врска и дека повремено се среќаваат, иако се имаат разделено уште во 2004 година, непосредно пред да ја објават својата свршувачка.

Американското списание „Пипл” тврди дека Лопез и Афлек се среќавале и во текот на целата измината недела, инсистирајќи дека обајцата „се исполнети со топли чувства” – едниот за другиот – како и дека таа „воодушевеност и блискост никогаш не престанала“ во изминатите 17 години по разделбата.

Средбата со Афлек се поврзува со неодамнешниот раскин на нејзината свршувачка со Алекс Родригез, откако четири години беа заедно.

За Лопез се вели дека е блиска и со својот поранешен сопруг, пејачот Марк Ентони со кого има две деца – близнаци кои сега имаат 13 години.

Според „Пипл“, Ентони се вклучил да и “се најде при рака“ на Џеј Ло по разделбата со Родригез и прифатил да се грижи за нивниот син и за ќерката, додека мајката Лопез ја завршува работата врз својот најнов филмски проект, што се снимаше во Доминиканската Република.

Засега се уште не се знае која е причината за разделбата со Родригез, за која се тврди дека требало да заврши со брак. Во текот на март, медиумите објавија дека Лопез и Родригез не се веќе заедно, а минатиот месец обајцата издадоа соопштение потврдувајќи ја разделбата. Во соопштението се вели дека одлучиле оти “е подобро и за обајцата да бидат само пријатели“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе