Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Москва без царскиот гастрономски салон

konstsem/Depositphotos.com

Москва без царскиот гастрономски салон

„Елисаветски Емпориум за храна“ – како што е името на фирмата и на зградата во Москва, едно од позначајните обележја на градот од некогашните царски времиња, е затворен после 120 години континуирано работење.

Овој архитектонски и според внатрешното уредување најраскошен гастрономски салон, што е лоциран на улицата „Тверскаја“, во центарот на рускиот главен град, е отворен во 1901 година, во времето на царска Русија. Остана да работи и после револуцијата во 1917 година, а беше отворен и во времето на Советскиот Сојуз, како своевидно огледало на новиот политичко – економски систем.

Ковид и немање туристи

„Елисаветски“ го надживеа  советскиот комунизам, но пропадна сега и тоа се објаснува со пандемијата со коронавирусот и (велат) со правно компликуваната зделка при продажбата на зградата. Таа сега е празна и без својот инвентар, што е сосема различно од блиското минато кога беше полна и со купувачи (најчесто странски туристи) и со најразлична храна и прехранбени производи.

Според весникот „Москоу Тајмс“ од 2005 до 2015 зградата била сопственост на градот Москва, а со трговскиот дел управувала една приватна компанија која имала цел синџир од „обични“ супермаркети. Во 2015 градот и ја продал зградата на оваа компанија, но таа западнала во криза, па во 2019 година ги има распродадено сите свои супермаркети за да го сочува гастрономскиот салон – „Емпориум“.

Инсајдер на компанијата признал дека Ковид и немањето странски туристи во Москва го предизвикале неговото затворање.

Царски и комунистички времиња

Зградата, пак, е некогашен имот на руската принцеза Зинаида Волконскаја.

Таа во текот на 19 век во зградата има организирано приеми и дружења на луѓе од уметничкиот, музичкиот и литературниот круг на тогашна Москва. На тие дружења доаѓал и поетот Александар Пушкин.

Подоцна зградата ја има купено едно богато руско семејство кое ја преуредило во богат и за богати наменета продавница – салон за луксузна храна. За семејството Елисееви се вели дека се збогатиле со увоз на вино и овошје во царска Русија.

Во 1917 година, „Емпориум“ бил национализиран. Но, останал да работи, така како што бил од порано уреден  и во времето на СССР. Сега како место каде советската елита и посетителите на тогашната Москва, можеле да најдат и да купат производи што ги немало на друго место – како кавијар, на пример.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе