Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

ЕМА: Фајзер и во стандарден фрижидер

rss.vladimir@gmail.com/Depositphotos.com

ЕМА: Фајзер и во стандарден фрижидер

Европската агенција за медицина (ЕМА) дозволи вакцините против коронавирусот на Фајзер/Бионтек да се чуваат и во стандардни фармацевтски фрижидери, а не како досга само во специјализирани со многу пониска температура од обичните. Ваквата одлука на европската регулаторска комисија може да ја олесни, но и да ја забрза дистрибуцијата на вакцините на оваа компанија.

Според ЕМА, транспортот и чувањето на малите шишенца со оваа вакцина може да се прави на температура меѓу минус 25 и минус 16 степени Целзиусови, односно на температурата што ја обезбедуваат стандардните фармацевтските фрижидери – во период од две недели.

Прилагодување со ФДА

Во соопштението на оваа европска агенција се вели дека станува збор за алтернатива за долгото чување на вакцината за која досега се сугерираше температура меѓу минус 90 и минус 60 степени Целзиусови, што претполагаше дека земјите кои ги нарачуваат, претходно, мора да имаат обезбедено и сосема нови, специјални фрижидери.

Тоа го поскапуваше користењето на оваа вакцина (наспроти другите) и ја забавуваше нејзината дистрибуција насекаде низ Европа, во услови кога другите производители целосно потфрлија со својата испорака.

Со ваквата одлука, ЕМА само се прилагодува на одлуката на американската Агенција за храна и за лекови (ФДА) која ваква одлука за складирањето на вакцините на Фајзер има донесено во минатиот месец.

Европските медиуми откриваат дека ЕМА има дозволено вакцини на компанијата Астра/Зенека да се произведуваат во една нова фабрика на територијата на ЕУ – во Халикс, во близината на холандскиот град Лајден, што веднаш предизвика судир со Британија.

Отворање нови погони

Во тој погон ќе се произведува активната супстанца за вакцината на оваа британско – шведска компанија што, инаку, досега се прави во фабрика која е на британска територија, која Европејците ја обвинуваат дека целото свое производство го има насочено само за потребите на Британија, при што ЕУ беше целосно заобиколена.

Во основа, новиот погон би требало да ја намали зависноста на Унијата од погоните на компанијата на британска територија.

ЕМА тврди дека не станува збор за некакво „продлабочување на војната со вакцините“ со Британците, затоа што се отвора уште една фабрика (за вакцините на Фајзер) во Германија и трета, за американската Модерна, во Швајцарија.

Сепак, факт е дека Брисел забрзано настојува да се расчистат сметките со Астра/Зенека која ЕУ ја обвинува за бавното спроведување на процесот за вакцинирање во земјите од Унијата, односно за тоа што оваа компанија ги нема исполнето обврските кои ги има преземено.

Покривање на кусокот со Фајзер

ЕУ има нарачано 120 милиони дози, а досега има примено само една четвртина, или 30 милиони, поради што Брисел се определи и за контрола на извозот од европска територија и за „реципроцитет во дистрибуцијата“ на вакцините.

Некои земји членки на Унијата се сериозно погодени од ваквата ситуација. Британија, на пример, се фали на сите страни со вакцинација од 40 лица на 100 жители, додека Бугарија и балтичките држави немаат повеќе од пет лица, а целата Унија од 14 вакцинирани. Тоа беше и повод за одржување на вонредниот Самит, преку видео линк, на лидерите на ЕУ, на иницијатива на Австрија и на уште пет други членки на ЕУ.

Постигнат е договор да се најде поправедно решение околу дистрибуцијата на вакцините, според бројот на населението на земјите – членки, како што требаше и досега да биде, а не според тоа кој како ќе се снајде.

Во случајов станува збор за новите десет милиони дози на Фајзер/Бионтек што ќе се дистрибуираат во второто тримесечни, значи од почетокот на април, наместо во втората половина од годината. На тој начин, би биле компензирани оние земји кои сега имаат примено најмалку вакцини.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе