Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Белорусија дисквалификувана од Евросонг

Vadim_Maevskyi/Depositphotos.com

Белорусија дисквалификувана од Евросонг

Белорусија оваа година нема да учествува на натпреварувањето за Песна на Евровизија, затоа што и втората мелодија што на брзина беше понудена како замена за првата, која не беше прифатена, не ги исполнува критериумите на Евросонгот – соопшти Унијата на европските радио – дифузии (ЕБУ).

Во соопштението се вели дека белоруската државна РТВ која го има организирано изборот на песната што требаше да ја претставува Белорусија, и со новата песна ги прекршува услови за настап. Оценето е дека и текстот за втората песна остава место за политизација – таа е во интерес на една страна и за дисквалификација на друга.

Претходно пријавената песна „Јас ќе те научам“ беше оценета како политичка .

Во текстот имаше делови во кои се напаѓаат масовните протести во Белорусија против претседателот Александар Лукашенко, што се одржуваа по претседателските избори во август, а кои опозицијата ги прогласи за фалсификувани, а меѓународната јавност одби да ги прифати нивните резултати.

Самиот наслов на песната е извлечен од еден говор на претседателот кога тој ги осудува демонстрациите и во еден момент се заканува велејќи – „Ќе ве научам (јас) на ред“.

Групата „Галази Зместа“ е позната во тамошната јавност како силен поддржувач на власта, а нејзините членови имаат давано изјави во кои ги осудуваат протестите, а нивните учесници ги обвинуваат дека „сакаат да ја растурат Белорусија“.

По одбивањето на оваа нумера, за Евросонг беше понудена нова песна и нов текст, но и тој не ги има поминато критериумите за деполизтизација.

Претседателот Лукашено веќе реагираше на дисквалификацијата на Белорусија, тврдејќи дека станува збор за „политичка одлука“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе