Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Делфини во каналот Гранде во Венеција

Ranae Smith/Unsplash

Делфини во каналот Гранде во Венеција

Два делфина, се забележани како слободно пливаат низ каналот Гранде во Венеција – најголемиот во овој град на вода во Италија.

Делфините од кои едниот го имаат означено како возрасен, додека другиот бил видливо помал и помлад, биле видени од бродарите и гондолиерите, но и од шетачите, во близината на плоштадот Свети Марко, во ова време на големите рестрикции, што одново се воведени во градот поради третиот бран на коронавирусот.

Присуството на делфини во водите на каналите во Венеција не е одамна забележано, па затоа има предизвикано голема радост кај венецијанците. Некои од присутните им изјавиле на новинарите дека „делфините им донеле радост во овие мрачни времиња“.

Еколозите пак се радуваат на свој начин.

Според нив, делфините кои, инаку, останале повеќе часови во каналите на Венеција, се доказ за исчистените води, пред се, поради драстично намалениот воден сообраќај како резултат на пандемијата и честите локдауни, поради што бројот на гости од надвор е сведен на минимум .

Тоа има предизвикано каналите да останат без локалните пловила и без големите крузери кои со себе носат по неколку илјади туристи – одеднаш. А, сите тие, постојано возејќи низ каналите, ги прават водите и матни и нечисти.

Градските власти и нивни експерти велат дека сакале да им помогнат на делфините да не „заглават“ во бројните канали на Венеција, па користејќи специјални акустични апарати ставени во водата, настојувале да ги вратат во Јадранско Море.

Велат дека не знаат дали успеале во тоа – односно дали двата делфина се вратиле во морето, или останале притаени во најголемите канали, што сега се без водениот сообраќаен метеж, инаку вообичаен кога градот е полн со туристи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе