Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Танјуг продаден на пејачот Јоксимовиќ?

BalkansCat/Depositphotos.com

Танјуг продаден на пејачот Јоксимовиќ?

Поранешната југословенска новинска агенција Танјуг, на времето една од најпрофесионалните во тогашна Европа, престана да постои – избришана е од регистерот на фирмите во Република Србија. Она што некогаш беше Танјуг, сега е сопственост на приватната фирма „Тачно“.

Според белградските медиуми, директор на фирмата е Миња Грчиќ за која се пишува дека е „блиска соработничка на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ“. Токму таа блиска врска на новата директорка со пејачот е повод во српската јавност да се зборува дека Јоксимовиќ е вистинскиот сопственик на некогаш престижната агенција, од која (велат) државата толку лесно и брзо се има откажано.

Во српските новинарски кругови се верува дека она што сега е создадено и се нарекува агенција „Тачно“, никако не би можело да биде вистински, новинарски, професионален наследник на доскорешниот Танјуг.

Како илустрација за таа нова состојба се споменува изборот на новите кадри, а пред се, изборот на главен и одговорен уредник. На таа позиција не е поставен искусен новинар, туку една телевизиска водителка – Јована Јоксимовиќ. Таа е познато лице во белградските тв кругови, особено затоа што има сменето повеќе локални телевизиски станици, но никогаш не била новинарка, особено нема работено како агенциски новинар.

Јована е инаку сопруга на пејачот Јоксимовиќ, а едно време имала ангажман и на телевизискиот канал кој е во сопственост на нејзиниот сопруг.

На социјалните мрежи во Србија околу целата оваа ситуација со Танјуг се прават разни приказни, но најчесто се иронизира со зделката (кој и да ја има направено) – во стилот дека „сопругот и купил агенција на сопругата“. Многумина прашуваат колку чини агенцијата, како и од каде му на пејачот толку пари за да може да ја купи.

Професионалните новинари, пак, жалат за ваквата судбина на некогашната агенција.

Танјуг е формиран во екот на ослободителната борба на југословенско тло, во текот на Втората светска војна, како „Телеграфска агенција на Нова Југославија“.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе