Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Американка – сериски „слеп патник“

ViewApart/Depositphotos.com

Американка – сериски „слеп патник“

Американката Мерилин Хартман (70) е уапсена на аеродромот „О Хара“ во Чикаго кога се обидувала да влезе во авион на еден меѓународен лет – без карта и без пасош. На аеродромот дошла од еден прифатен центар за бездомници, каде живее последните неколку години.

Станува збор за жена која во американските медиуми се нарекува сериски „слеп патник“ затоа што од 2002 година, кога прв пат патувала на овој начин, таа дури 30 пати летала на разни страни во САД и низ светот – најчесто во Европа – без да има купена авионска карта и без да носи со себе пасош.

Посебна „техника“ за вовлекување

Не и е прв пат да биде фатена и уапсена, но обично судиите и прегледувале „низ прсти“ поради годините и затоа што постојано ветувала дека повеќе нема тоа да го прави. Најчесто била осудувана со условна казна. Овој пат, меѓутоа, чикашкото обвинителство одбива да ја пушти од притвор, дури и некој да се јави за да плати кауција за неа.

Локалниот обвинител кусо има изјавено дека Хартман останува во затвор до судењето – „затоа што станува збор за непоправлив престапник“.

Но, жената е толку позната во мамењето на аеродромските власт и на сите безбедносни проверки, што еднаш била повикана на интервју за една американска телевизиска станица, кога објаснувала како и успева да патува како „слеп патник“. Притоа, рекла дека секогаш се привлекувала за лет каде имало многу патници, користејќи ја толпата и брзањето во такви услови на аеродромскиот персонал да ги испрати патниците – за да не доцни летот, а за да аеродромот не плаќа „пенали“.

Доколку, сепак, била откриена, таа во интервјуто признала дека редовно се правела „луда“.

Прв пат во 2002 година

Освен тоа, Хартман практикувала да се „прикачи“ на некој патник кој патувал сам. Со себе секогаш носела голема патна торба, па изгледало дека патуваат двајца, дека не е сама. Имало и ситуации да најде нечија туѓа авионска карта.

Во 2019 година била фатена и одведена на судење, но судот ја осудил на 18 месеци затвор – условно. Полицијата ја открила на лондонскиот аеродром Хитроу, кога при рутинска проверка се покажало дека жената нема авионска карта, но нема ниту пасош. На летот за Лондон таа се криела во авионскиот тоалет.

Прв пат како „слеп патник” Хартман патувала до Копенхаген. Потоа на тој начин летала и до Париз. Во 2009 година, исто така, била откриена на летот за Хаваи. После тој неуспешен лет, таа сосема се притаила, се до 2014 година, кога ја фатиле и ја осудиле затоа што се обидувала да се качи на лет за Лос Анџелес – без карта.

Сега се соочува со повисока затворска казна. Нејзиниот адвокат тврди дека жената е „ментално болна“ од биполарно пореметување.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе