Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Оживување на старите семејни фотографии

peshkov/Depositphotos.com

Оживување на старите семејни фотографии

Компанијата My Heritage која се занимава со тестирање примероци од ДНК за да, преку нив, се открие потеклото на луѓето, сега има откриено начин – како, со помош на вештачката интелигенција – „се оживуваат“ стари фотографии.

Претпоставка е дека во секое семејство – насекаде по светот – се чуваат слики од минатото, најчесто од најблиските роднини, или од драги пријатели кои сегашните генерации не ги запознале поради многуте поминати години.

Не ни можеле да ги запознаат, па ако сега воопшто и знаат кои се тие луѓе, тоа може да го направат само преку старите фотографии. Најчесто избледени од времето и сместени во старински, класични албуми, или во кутии оставени на таванот, или во некој агол од визбата.

Оваа компанија сега овозможува тие луѓе, кои се одамна починати, на некој начин да се вратат од минатото!

Една посебна апликација ги анимира луѓето од старите фотографии, на тој начин што ги покажува како нишаат со главата, трепкаат со очите, или дури се насмевнуваат.

И, што е најважно – сите такви движења на лицето изгледаат природно до неверојатни размери.

Многумина кои виделе како работи современата технологија, биле воодушевени. Меѓутоа, не е мал бројот на оние кои признаваат дека „оживувањето“ на одамна починатите предци и блиски, ги вознемирило. Признаваат дека ги шокирало да гледаат некоја нивна, одамна почината баба, на пример, им се насмевнува и клима со главата.

Компанијата My Heritage, бесплатно нуди регистрирање на нејзината интернет страница, за да потоа, може да се влезе на апликацијата.

Сето тоа оди на тој начин што оној што ќе се регистрира ќе закачи на понудената апликација стара фотографија – главно и најчесто тоа е портрет – од која потоа се добива видео снимка. Или, како што се рекламира оваа технологија – за да се овозможи „средба“ со штотуку „оживеаниот“ предок, или пријател.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе