Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Низ светот со велосипед, а загинал близу својот дом

Wirestock/Depositphotos.com

Низ светот со велосипед, а загинал близу својот дом

Израелецот Рои Садан (39) кој со својот велосипед има пропатувано низ целиот свет, загинал возејќи велосипед, во близината на својата куќа, откако во него удрил автобус. Инцидентот се случил во местото Нахарија, во северен Израел.

Според весникот „Тајмс оф Израел“ од силината на ударот Садан бил тешко повреден и итно префрлен во локалната болница, но лекарите не можеле да му помогнат, па тој починал од повредите.

Весникот го опишува настанот како трагичниот крај на еден голем вљубеник во велосипедизмот и вистински спортист.

Со својот велосипед ги има поминато сите шест континенти. Еднаш има преживеано пад во голема длабочина во Индија, а животот го има загубено недалеку од својот дом, возејќи го велосипедот низ улиците во местото каде живеел и што добро го познавал.

Цели четири години, меѓу 2007 и 2011 година, Садан со велосипедот има пропатувано 42 земји, на сите континенти.

Има возено од северот на Аљаска, во САД, преку западниот американски брег се до Средна Америка, а од таму до Јужна Америка. Со велосипедот има направено тура и низ Африка, од врвовите на највисоката јужноафриканска планина, се до висорамнините на Етиопија.

По две неделна пауза дома, во Израел, тргнал на пат – прво низ Европа, а потоа преку Турција и Узбекистан, се до Кина. Последната етапа, од над 10 илјади километри, ја има поминато низ Австралија и Нов Зеланд.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе