Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Ковид пасош само за вакцина одобрена од ЕМА

Wirestock/Depositphotos.com

Ковид пасош само за вакцина одобрена од ЕМА

Предложените ковид-пасоши за слободно движење во границите на ЕУ, ќе се издава и ќе важи само за вакцините кои ги има прифатено и одобрено ЕМА (Европска медицинска агенција) .

Таквото решение што треба да го прифати Европскиот Парламент, се оправдува со правни рамки – затоа што вакцините кои не се одобрени за употреба во ЕУ, не се опфатени со правната клаузула, според која компаниите – производители се одговорни во случај на несакани последици од вакцинирањето, но и затоа што немаат сертификат за контролата на квалитетот.

Пасошите кои може да бидат во форма на книшка, или дигитални – треба да бидат максимално едноставни – треба да ги содржат само годините на имателот на пасошот, како и вакцината која ја имаат примено.

За другите – тест и карантин

Според европскиот комесар за правосудство, секоја земја – членка и натаму ќе може да ги вакцинира своите граѓани со вакцини и од други производители, но тие Европејци не ќе може да добијат лиценциран, патен сертификат дека се вакцинирани, доколку вакцината не е некоја од оние кои ги има одобрено европската ЕМА.

А, оваа агенција, засега, има издадено одобрување за масовно користење вакцини од четири компании – Фајзер/Бионтек, од Астра/Зенека, од Модерна и од Џонсон/Џонсон. Претходно беше објавено дека ЕМА чие седиште е во Амстердам ја испитува и руската вакцина Спутник V, но дозвола за употреба се уште нема.

Сертификатот за вакцинација ќе важи се додека трае пандемијата со коронавирусот. Движењето во земјите од блокот, на граѓани кои немаат примено вакцина (или не сакаат да ја примат) и понатаму ќе бид условено. Тие ќе може да влегуваат на територијата на Унијата и да се движат низ неа, но само со доказ за направени тестови и со задржување во карантин.

Пасоши за главната сезона

Европски експерти, блиски до Европската комисија објаснуваат дека како проблем се јавува обезбедувањето заштита на податоците, но и заштитата од можната дискриминација.

Главната работа околу пасошите, сепак, ќе биде која вакцина е користена при вакцинирањето.

Целта на Европската комисија е ковид пасошите да се усвојат и да профункционираат до почетокот на главната туристичка сезона.

Овие пасоши се смета дека би можеле да ги обноват меѓународните патувања и на тој начин да помогнат да се спречи уште една катастрофална летна сезона, затоа што туристичкиот бизнис и угостителството се меѓу најпогодените од долгата ковид – епидемија.

Шест земји бараат Самит

За пасошите посебно притискаат членките на ЕУ од југот на Европа, а пред се, Грција, Италија и Шпанија. Тие се согласуваат и со системот што е предложен, но некои други членки, на северот од Европа, како Германија, на пример, се уште имаат резерви.

Кога станува збор за Грција, таа не сака и ова лето да ги загуби своите традиционални гости од Балканот, сметајќи ги пред се, туристите од земјите надвор од ЕУ, па веќе води и билатерални преговори со некои од нив, под кои услови да ги прима тие гости.

Во меѓувреме, шест земји на Унијата – Австрија, Чешка, Словенија, Бугарија, Летонија и Хрватска – побараа од Брисел свикување вонреден Самит за да, како што тврдат, се стави ред во распределбата на вакцините.

Овие земји сметаат дека во првиот квартал од годинава вакцините се делат несоодветно, па бараат на еден ваков Самит да се “расчистат работите околу досегашната дистрибуција“ посебно кога станува збор со самостојното набавување вакцини кое, како што се покажа, ја има предизвикано ваквата состојба.

Нерамноправна распределба

Сега и во рамките на ЕУ, некои држави имаат далеку повеќе вакцини, од договорениот план и од нивните реални потреби, затоа што имаат направено сепаратни договори, директно со фармацевтските компании.

Политичките лидери на овие шест земји бараат од Брисел да се разјасни кој дава дозволи и согласност за вакви сепаратни зделки – за да се купува кој колку сака, без да се внимава на реалните потреби, додека други се соочуваат со кусок од вакцини.

Австрија, која е покренувач на барањето за вонреден Самит, како и Чешка и Бугарија имаат добиено помалку вакцини од договорената распределба. Малта, на пример, со своите 300 илјади жители, има добиено и резервирано до јуни, три пати повеќе вакцини (по глава на жител) од седум милионска Бугарија. Холандија, пак, има добиено два пати повеќе од Хрватска, која има проблеми со обезбедување вакцини.

Сето тоа се случува во време кога Чешка, за само седум денови, има регистрирано илјада починати од коронавирусот.

(Б.Б.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе