Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Ученичка лага го уби наставникот Пати

Bumble-Dee/Depositphotos.com

Ученичка лага го уби наставникот Пати

Една лага на 13 годишна ученичка, во обид да сокрие од својот татко дека е суспендирана од училиштето, поради лошо однесување и голем број неоправдани изостаноци , има предизвикано брутално убиство на француски наставник, кому млад исламист-џихадист му ја има отсечено главата – како казна затоа што го „навредувал“  пророкот Мухамед.

Лагата била во целосно измислената приказна на ученичката, (чиј идентитет не се открива) дека несреќниот наставник по историја и географија, во критичниот ден, наводно, им рекол на учениците – муслимани, да го напуштат часот, за да може на другите ученици да им прикажува „слики од соголениот пророк“.

Тинејџер-терорист

Станува збор за убиството на наставникот Самуел Пати (47) што се случи на 6 ноември минатата година, веднаш по завршувањето на часовите, во близината на училиштето во едно мало место во околината на Париз. Убиството го изврши 18 годишниот Чеченец Абдула Анзоров, дете на родители имигранти од Чеченија, кој го има сочекано во заседа наставникот и од зад грб, со нож му ја има отсечено главата.

Полицијата која нападот го оквалификува како акт на тероризам, покрена потера по убиецот и набргу го откри, а при обидот на терористот да се пресметува и со полициските сили, беше убиен.

Но, девојчето – лажливка и нејзиниот татко кој лагата на ќерката ја има претворено во безмалку повод за „света војна со неверниците“,  сега се под истрага. Тој сигурно ќе биде казнет за  потикнување терористички напад.

Казна, за малолетници ќе има и за ученичката, а истрага е покрената и за двајца тинејџери кои за пари, му го откриле идентитетот на терористот кој за убиството специјално допатувал од Нормандија, каде постојано живеел.

Франција во шок

Пред пет месеци ,оваа  вест од околината на Париз, за бруталното убиство на невин човек, предизвика шок во цела Франција.

Со денови Французите се собираа на протести во главниот град и по градовите во внатрешноста на земјата, солидаризирајќи се со несреќниот наставник, барајќи во истовреме и остра пресметка на државата со радикалниот ислам на француска почва. Особено по серијата терористички напади во Париз, неколку години пред тоа.

Убиството на Пати покрена и расправа за слободата на изразувањето и на мислењето во Франција, но и низ Европа, чија јавност остана вчудоневидена од злосторството на еден толку млад, а веќе радикализиран исламист, израснат на француска територија.

Претседателот Емануел Макрон покрена кампања за донесување строги мерки за пресметка со радикалниот ислам. Тоа, меѓутоа, му донесе проблеми во односите со некои исламски земји, а пред се во Турција. Тамошниот претседател ги обвинуваше Макрон и Франција дека им се „одмаздуваат на муслиманите“.

Признавање на лагата

И сето тоа, според француските весници, поради една ЛАГА и целосно ИЗМИСЛЕНА конструкција на една 13 годишна, лоша и недисциплирана ученичка, која за да не биде казнета од својот татко, лажно го има наклеветено и обвинето наставникот.

Во истражниот суд, ученичката признала дека излажала и дека тој ден таа, воопшто, не била во училиштето, ниту присуствувала на часот на наставникот Пати, за да знае што тој зборувал и за што бил посветен целиот час.

А, на часот, наставникот им покажувал на учениците една од контроверзните карикатури на сатиричниот весник „Шарл Ебдо“ на која е нацртан пророкот Мохамед. Само како илустрација за предавањето посветено на темата за слободата на мислењето и на уверувањет, при тоа  прашувајќи ги учениците – „дали треба да се биде Шарл “ .

Мислејќи на познатиот хаштаг – „И јас сум Шарл Ебдо“ – со кој во француската и во европската јавност им се даваше подршка на луѓето од овој весник, по терористичкиот напад од јануари 2015 година, кога џихадистчки терористи убија 12 лица.

Предавање за толеранцијата

Пати ги повикал муслиманските ученици во класот, за да не останат шокирани од карикатурата што ќе ја покаже, или да ги затворат за момент очите, или пак , за кратко да излезат од училницата.

Наместо тоа, два дена подоцна, ученичката му раскажала на таткото сосема поинаква приказна . Според нејзината приказна- наставникот барал муслиманските ученици да заминат од предавањето, а кога таа не се согласила, тој за казна ја суспендирал забранувајќи и да доаѓа на училиште!

Таткото Мароканец, мошне гневно реагирал на постапките на наставникот, целосно верувајќи и на својата ќерка. Веднаш почнал на социјалните мрежи да го напаѓа, барајќи да биде исклучен од училиштето, обвинувајќи го за „дискриминација“ на муслиманските деца, за ширење „порнографија“ (слики на гол пророк) и за „исламофобија“. Дури го има пријавено и во полицијата и на управата на училиштето.

Терористот гледа Фејсбук

Таквите лажни обвинувања, меѓутоа, ги има видено и прочитано и радикализираниот Анзоров. Тинејџер, но веќе обучен да дејствува и како џихадист- терорист, па одлучил брутално да го казни наставникот кој згора на се и го „навредувал“ муслиманскиот пророк.

Во текот на истрагата, ученичката упорно се држела за лажната приказна се додека полицијата не разговарала со сите ученици и со нејзини другарки.

На судските истражители тие им откриле дека таа воопшто не била на часот, па затоа и не можела да знае што зборувал Пати, што им прикажувал  на децата, а не можела да знае дека тој воопшто не ги набркал муслиманските ученици од часот.

Таткото на лажливата ученичка сега се кае затоа што реагирал како што не требало.

„Не помислив дека моите пораки на Фејсбук ќе ги види и еден терорист“ – изјавил тој на сослушувањето. Но, како стојат работите, тоа нема да го спаси од вината и од казната.

(П.Ф.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе