Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Милијардер бара сопатници за до Месечината

ivazyah.art/Depositphotos.com

Милијардер бара сопатници за до Месечината

Јапонскиот милијардер Јасуку Маезава повика осум лица од меѓународната заедница, за да му се приклучат на патувањето во вселената – до и околу Месечината – во лет со вселенското летало на Елон Маск – Спејс Икс.

„Повикувам луѓе, за да ми бидат сопатници, со бил какво потекло и од било кој дел од општеството“ – вели богатиот Јапонец кој уште порачува дека сите трошоци за патувањето ќе ги сноси само тој, па оној што ќе ја прифати оваа понуда, ќе лета до Месечината и назад, на Земјата, сосема БЕСПЛАТНО.

Предвидено е мисијата со осуммина патници да се изведе во текот на 2023 година.

За да се биде сопатник на Маезава, тој поставува само два услови. Едниот е да станува збор за човек кој е посветен на помагање на луѓето и на општеството во целина, на било кој начин, односно дека е подготвен да помага, а вториот услов е да ги подржува другите членови на оваа мисија – сопатниците – кои делат меѓу себе исти аспирации.

„Ги имам закупено сите осум седишта во леталото, па затоа ова патување може да се нарече и како сосема приватно” – има речено овој јапонски милијардер.

Своето големо богатство Маезава го има стекнато како тајкун во светот на модата. Тој важи и за еден од најпознатите јапонски колекционери на уметнички и на други вредни дела.

Првично, овој лет го замислувал да биде патување во вселената со својата поранешна партнерка. Подоцна, мислел да го изведе во друштво со луѓе од светот на уметноста, но сега е определен да го направи со „обични луѓе“ од било кој дел на светот.

Уште во 2018 година, Јусаку Маезава се има пријавено како првиот, приватен, патник за лет до Месечината, со правење круг околу неа и враќање назад на Земјата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Технологија

Горе