Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Русите веруваат дека корона е биолошко оружје!

kapustin_igor/Depositphotos.com

Русите веруваат дека корона е биолошко оружје!

Дури две третини од луѓето во Русија веруваат дека коронавирусот е „биолошко оружје“ кое го има создадено човекот.

Според податоците добиени од испитувањето на јавното мислење, што го има направено рускиот независен центар Левада, само 23 отсто од Русите верува дека овој вирус е природен феномен, што повеќе од една година ги напаѓа луѓето.

Безмалку 64 отсто од учесниците во истражувањето, меѓутоа, сметаат дека станува збор за вештачки создаден феномен и дека короната, всушност, е „нов вид биолошко оружје“ .

Недоверба кон „Спутник“

Во истата оваа анкета, едвај 30 отсто од руските граѓани се подготвени да се вакцинира со руската вакцина „Спутник V”. Пред неколку месеци кога последен пат била правена иста ваква анкета, 38 отсто од луѓето изразиле спремност да ја примат вакцината.

Левада открива дека меѓу оние кои рекле дека нема да се вакцинираат – 37 отсто објасниле дека се плашат од несакани последици.

Други 23 отсто својата одлука ја објаснуваат со очекувањата да видат што допрва ќе покажат клиничките испитувања (на оние кои примиле вакцина), додека 16 отсто изјавиле дека не гледаат никаква смисла во вакцините и во вакцинирањето.

Анализите на ваквото мислење за суштината коронавирусот, како и за вакцинирањето воопшто, дошле до заклучокот дека тоа е последица на традиционалната недоверба на Русите кон властите. Потоа, на нагласеното отсуство на транспарентност во справувањето и раководењето со пандемијата и секако, во силно затегнатите односи на Русија со Западот.

Отсуство на транспарентност

Експертите на Левада центарот сметаат дека недовербата кон Кремљ – во овој случај – е последица на целосното отсуство на редовно известување на властите за заразеноста.

На почетокот, на пример, пандемијата се третираше како тоа да е работа која не се однесува и не ја тангира Русија.

Работите целосно се изменија откако, подоцна, таквиот однос им се врати на властите низ вистинска „експлозија“ од коронавирусот – со висок степен на заразување и ширење на пандемијата, како и со голема смртност.

Одново, таквиот однос се има повторено и пред и за време на процесот на вакцинирање за кој во Русија се вели дека е почетна фаза.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе