Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

„Номадленд” и „Круната“ победници на „Златен Глобус”

Peter Dutton from Forest Hills, Queens, USA, Golden Globe Awards signs, CC BY 2.0

„Номадленд” и „Круната“ победници на „Златен Глобус”

Филмот-драма „Номадленд“ на режисерката Клое Зао и телевизиската серија „Круната“ се победници на годинешниот „Златен Глобус“.

Годинешво 78 по ред доделување на наградите, овој пат, поради пандемијата со коронавирусот, се одржа виртуелно Двете водителки на доделувањето (Тина Феј и Ејми Полед) ја водеа церемонијата од две локации. Едната беше во Њујорк, а другата во Лос Анџелес.

Победникот во категоријата филм – драма е посветен на економско-финансиската криза во 2008 година. Главниот лик – жена, која во кризата се ќе загуби, си ги собира работите и со својот автомобил одлучува да живее како номад, патувајќи по американскиот Запад.

Дијана и Чарлс во ТВ серија

Телевизиската серија „Круната“ која го опишува животот на британското кралско семејство е прогласена за најдобра во својата категорија. Продукциската куќа Нетфликс освои дури шест награди за своите тв серии, од кои четири за „Круната“.

Меѓу наградените се и актерката Ема Корин (25) која ја освои наградата „Златен Глобус“ за најдобра женска улога во оваа категорија – толкувајќи го ликот на покојната принцеза Дијана. И наградата за најдобра машка улога во ТВ серија – му припадна на Џос О Конор, кој во „Круната“ го игра сопругот на Дијана, принцот Чарлс.

Клое Зао беше прогласена за најдобар режисер за филмот „Номадленд“ и таа втората жена-режисер која освоила „Златен Глобус“ во досегашната историја на оваа награда.

За најдобра актерка во оваа категорија, на филмови – драми беше прогласена Андреа Деј за толкувањето на ликот на блуз пејачката Били Холидеј. Најдобар актер во оваа категорија беше прогласен Чедвик Боузман – постхумно – кој пред шест месеци ненадејно почина.

„Борат-2“ најдобра комедија

Во категоријата комедии, годинешен победник е филмот „Борат-2“ со Саша Барон Коен. Во филмот вешто се уфрлени и инсерти со доскорешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс и со контроверзниот адвокат на Доналд Трамп, поранешен градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

Барон-Коен го освои „Златниот Глобус“ и за најдобра машка улога во категоријата филмови-комедии.

Наградата за животно дело, овој пат и припадна на Џејн Фонда, поранешна голема ѕвезда на американскиот филм.

„Златен Глобус“ традиционално се доделува пред Оскарите и се смета за некаков барометар за тоа кои би биле фаворитите за распределбата на оскаровските награди.

Тоа се случува и оваа година, но овој пат пандемијата ја помести церемонијата Оскар за крајот на април и најверојатно ќе се организира виртуелно и без традиционалниот гламур и црвените теписи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Култура

Горе