Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Санта од 1270 км. квадратни се „откачи“ од Антарктик

MichalBalada/Depositphotos.com

Санта од 1270 км. квадратни се „откачи“ од Антарктик

Огромна санта мраз, со површина од 1270 квадратни километри се „откачи“ од Антарктикот, откако пред десет години, за прв пат беше регистрирана пукнатина на замрзнатата плоча.

Според американските научници, станува збор за санта што е 20 пати поголема од површината на Менхетен во Њујорк!

Се смета дека ваквото отцепување на огромни смрзнати плочи, сепак, претставува вообичаен процес и е дел од циклусот на поларните плочи.

Засега нема докази за тоа дека врз ова „откачување“ повлијаеле климатските промени, соопшти британскиот центар за следење на Антарктикот.

На плочата која се оддели, се наоѓа и поларната истражувачка станица „Хејли“, но истражувачите кои се на замрзнатиот континент јавиле дека станицата нема да биде погодена со најновите случувања. Нејзината локација биле променета уште пред неколку години – додека научниците очекувале да се случи „откачувањето“.

Агенциите јавуваат дека екипата од 12 истражувачи, целосно се повлекле од „Хејли“ во средината на февруари, затоа што станицата и онака во текот на зимата (на јужната полутопка) е затворена, затоа што таму настапува ноќ, а температурата се спушта до минус 50 степени Целзиусови.

Експерти изјавиле дека не се знае што сега ќе се случува со овој огромен замрзнат брег, а посебно не е јасно на која страна би можел да се движи. Но, претпоставка е дека тој веројатно само ќе остане „прикотвен“ како некаков огромен „насукан“ брод до плочата од која се има отцепено.

Како и да е, експертите кои ги следат климатските промени, уште од порано имаат предупредено дека озонската дупка над Антарктикот има достигнато рекордна големина.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе