Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Дилан Фароу контра Вуди Ален

magicinfoto/Depositphoto.com

Дилан Фароу контра Вуди Ален

Американскиот филмски режисер и актер, добитник на наградата Оскар, Вуди Ален остро го осуди појавувањето на документарниот филм за неговиот живот, тврдејќи дека тој е „целиот исполнет со лаги и невистини“ .

Филмот под наслов „Ален против Фароу“ кој од неделата се прикажува на НБО има четири делови и во него се содржани сведочења за – како што се тврди – неговото сексуално насилство врз усвоената ќерка, додека таа била мало дете.

Дилан Фароу, која сега има 36 години, е усвоено дете на актерката Миа Фароу и на Вуди Ален, во време додека тие двајцата беа во брак

Таа во филмот тврди дека нејзиниот очув извршил сексуално насилство врз неа, во август 1992 година, кога таа имала само седум години.

Ова не е прв пат Дилан да го обвинува познатиот режисер за насилството. За (наводниот) случај во семејството таа прв пат зборуваше во 2017 година, предизвикувајќи скандал во јавноста и осуда на Ален. Сето тоа се случуваше во времето на избувнувањето на аферата со продуцентот Харви Вајнстаин и појавувањето на движењето „МеТоо“.

Вуди Ален и тогаш, како и сега ги отфрла ваквите обвинувања како „лажни и измислени“. Според него, за авторите на филмот „не било интересно да ја соопштат вистината“.

Како и да е, уште во 2017 година, многу актерки и колеги на Ален го осудија јавно за „она што се случувало во семејството“.

Платформата на Амазон во 2019 година, го раскина договорот со Вуди Ален што со него го имаше направено за продукција – поради тешките обвинувања изречени од Дилан Фароу.

Во „борбата“ што ја води против поранешниот очув, Дилан ја има поддршката на актерката Миа Фароу која ја има одгледано.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе