Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Веднаш донирајте вакцини за сите – не правете залихи“

World Economic Forum from Cologny, Switzerland. swiss-image.ch/Photo by Remy Steinegger., Ngozi Okonjo-Iweala WEF Davos 2010, CC BY-SA 2.0

„Веднаш донирајте вакцини за сите – не правете залихи“

Новиот директор на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо-Ивеала ја повика владата на Велика Британија да донира од вакцините што ги поседува, за земјите во развој, наместо што тие сега чекаат да дојдат на ред за испораката.

„Во интерес на сите, а посебно на богатите и моќните држави е – сите земји во светот да имаат достап до вакцините” – изјави за Би-Би-Си Оконџо-Ивеала.

Нерамноправна дистрибуција

Нејзиниот повик до владата во Лондон и до премиерот Борис Џонсон доаѓа по неговата изјава од измината недела, за потребата да се донираат вакцини „до сите оние кои сега ги немаат“. Веднаш по тоа, во петокот, земјите членки на групата Г-7 на одржаната видео конференција – се заложија за интензивирање на соработката во ова време на глобална пандемија.

Земјите од оваа група се согласија и за тоа да го зголемат своето учество во системот Ковакс, создаден за рамноправна дистрибуција на вакцините.

Овој систем беше создаден од Светската здравствена организација (СЗО) пред да се почне со испораката на штотуку произведените вакцини, но тој брзо се распадна, на самиот старт откако неколку земји – богати и моќни, или земји со такви пријатели – тргнаа сами во брзо купување на вакцините, не прашувајќи за цената и не почитувајќи тие да се делат рамноправно, според направениот ред. Правејќи притоа и залихи само за своите потреби. Токму Британија е еден таков пример.

Без одлагање

Во секој случај, во наредните месеци, преку системот Ковакс ќе треба да се дистрибуираат над 1,3 милијарди дози, за населението низ светот.

Првиот човек на СТО сега вели дека е за поздравување повикот на премиерот Џонсон, но таа укажува на потребата од претпазливост околу оваа работа, предупредувајќи да не се случи – одново – да дојде до одлагање на испораката, за оние кои сега се уште ја немаат.

„Не мислам дека треба да се чека со дистрибуцијата, таму каде вакцинацијата не е започната, додека во некои земји таа се одвива масовно. Ако навистина има донации, тие треба СЕГА и ВЕДНАШ да се направат“ – има речено Оконџо-Ивеала.

Неопходна глобална вакцинација

Таа смета дека снабдувањето на сите со вакцината е потреба и на богатите – за да се заштитат, откако ги собраа кај себе. Од друга страна, глобалната вакцинација е во интерес и за светската трговија и за глобалното економско опоравување.

„Светот ќе загуби барем девет билиони долари во Бруто националниот производ (БНП), доколку до средината на оваа година остане сегашната диспропорција – богатите да го имаат вакцинирано половината од своето население, а другите да немаат се уште ниту започнато со вакцинацијата” – вели директорката на СТО.

Таа предупредува дека половината од овој огромен износ ќе падне на товар – токму на богатите држави.

Во овој момент – само ДЕСЕТ ДРЖАВИ во светот, располагаат и користат 75 отсто од досега произведените и испорачани вакцини.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе