Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Меланија брои минути до разводот“

mgillert/Depositphotos.com

„Меланија брои минути до разводот“

Доскорешната „прва дама” на САД, Меланија Трамп – не брои денови, туку ги брои минутите – пред да се разведе од доскорешниот американски претседател Доналд Трамп – тврди нејзината поранешна советничка.

Според Стефани Волкоф, се уште актуелната сопруга на Трамп, веќе преговарала околу деталите за разводот. Главнината на тие преговори била обезбедувањето на нејзиниот син Барон да има целосно рамноправен статус (при наследството) како и другите деца на Трамп, посебно ќерката Иванка и двата сина од првиот брак со некогашната чешка манекенка Ивана, како и околу отпремнината што синот од бракот на Меланија со Трамп, би требало да ја добие.

Солзи од разочарување

Советничката на поранешната „прва дама“ тврди дека 15 годишната брачна врска на Меланија со Доналд Трамп е веќе од порано готова, но дека таа не сакала јавно да го понижи напуштајќи го и разведувајќи се од него додека беше на претседателската функција.

Уште повеќе што била сосема свесна дека Трамп, таков каков што е, сигурно ќе најдеше начин како да и се одмазди и да ја казни за една таква постапка.

Автор на книгата за претседателствувањето на поранешниот претседател Мајкл Волф, има речено дека Меланија воопшто и не очекувала дека нејзиниот сопруг ќе победи на изборите во 2016 година, па кога ги слушнала вестите за конечниот изборен резултат и за поразот на Хилари Клинтон – наместо да се радува, почнала да плаче – од тага и разочарување.

Тимот на Трамп во Белата куќа кој му остана до крајот лојален – во добро познатиот стил од времето додека беа на власт – ги отфрли наодите во книгата, тврдејќи дека станува збор за „лажни вести“,  инсистирајќи дека Меланија плачела – од радост.

Божикна фотографија

Така или не, излегува дека фотографијата – честитка за Божик, што на Инстаграм ја стави Иванка Трамп, омилената ќерка на поранешниот претседател која беше назначена и како советничка во Белата куќа, не била воопшто случајна.

На фотката која предизвика „бура“ на социјалните мрежи, се наоѓаат таа, сопругот и нивните деца, како и само Доналд Трамп – без Меланија.

Ќерката Иванка која и не сокриваше дека не ја поднесува третата сопруга на таткото, со фотографијата само покажа каква е вистинската состојба во бракот на Трамп и Меланија.

Не беше во прашање само веќе познатата нетрпеливост на ќерката и маќеата, особено што медиумите тврдеа дека Белата куќа има – две „први дами“.

За Иванка Трамп уште тогаш (крајот на 2020 година) Меланија не беше дел од семејството на Доналд Трамп.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе