Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

„Глаголицата не е најстарото писмо на Словените“

CaptureLight/Depositphotos.com

„Глаголицата не е најстарото писмо на Словените“

Една исцртана кравја коска, која потекнува од 7 век, покажа дека германски симболи биле најстарата азбука која ја користеле Старите Словени – соопштија чешките научници.

Барем досега се веруваше дека најстарата словенска азбука е глаголицата, создадена од византискиот монах Свети Кирил, во 9 век. Кирил и неговиот брат Методија дошле од Византија во мисија која започнала во 863 година, за да ја создадат Голема Моравија – територија која ги покрива денешна Чешка, Словачка и Унгарија, како и делови од денешна Германија, Австрија, Полска, Украина и делови од Балканот.

Меѓутоа, скршената коска, откриена во јужна Чешка, во 2017 година, како и неколкуте години детално истажување од еден меѓународен научен тим, составен од експерти од Чешка, Австрија, Швајцарија и од Австралија, докажаа дека досегашните претпоставки околу азбуката – биле погрешни.

„Нашиот тим откри дека ова е најстариот натпис (изгравиран на коската) што досега е пронајден и е во врска со Старите Словени“ – соопшти Јиржи Махачек од Универзитетот „Масарик“ во чешкиот град Брно. Соопштено е притоа, дека екипата истражувачи, користела генетски и карбон тестови, за да ја испитаат најдената коска.

„Оваа чувствителна експертиза покажа дека коската потекнува од домашно животно, од добиток, кое живеело околу 600 – та година од новата ера“ – има изјавено Зузана Хофманова, аналитичар на Универзитетот во Фрајбург, во Швајцарија.

Австриецот Роберт Недома, од Универзитетот во Виена го има идентификувано натписот на коската, составен како што тврди од постари Футарк симболи, што ги користеле тогашното население – германите – во Централна Европа, кое живеело меѓу Вториот и Седмиот век од нашата ера.

Футарк азбуката содржела 24 симболи, а последните седум се забележуваат на пронајдената коска.

„Знаеме дека ова што е запишано на коската не е некоја посебна порака, туку дека повеќе е нешто кое им служело како алатка за подучување. Претпоставка е дека на целата коска се наоѓала комплетната азбука“ – валат овие научници.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Култура

Горе