Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

„Вирусот од Кент“ ќе се рашири низ цел свет

ChazBharj/Depositphotos.com

„Вирусот од Кент“ ќе се рашири низ цел свет

Новиот вид коронавирус, што прв пат беше регистриран во септември, во југоисточната англиска провинција Кент, ги загрижува британските и европските вирусолози, затоа што со новите мутации би можел да и „побегне“ на заштитата која ја даваат сите вакцини – предупредува британскиот научник Шерон Пикок, раководител на британската програма за генетски надзор.

Според неа, „вирусот од Кент“ многу е веројатно дека ќе се рашири низ Европа и низ целиот свет. Затоа, Пикок смета дека вакцините кои сега се создадени ќе мора да се МЕНУВААТ, како и дека, веројатно, ќе бидат потребни и дополнителни дози вакцини.

Вирусот веќе мутира

„Засега, вакцините се ефикасни против овој вид вирус, но сосема е неизвесно дали неговите мутации ќе може да избегаат пред заштитата што ја даваат вакцините„ – вели британскиот научник.

При тоа, таа смета дека загрижува што „вирусот од Кент“ што неколку месеци кружи, почнува одново да мутира. А, новите мутации би можеле да влијаат на начинот како нучниците и лекарите ќе му пристапуваат – и тоа како во врска со имунизацијата, така и кон ефикасноста на вакцините.

„Проблемот е што „вирусот од Кент“ веќе мутира кон некој нов вид, што би можело да му се закани на вакцинирањето кое е во тек – забележува Пикок, во разговор за Би – Би – Си.

Станува збор за нова мутација – означена како Е484К – што е идентификуван во англискиот град Бристол и со него засега се заболени 21 лице.

Британскиот е најзаразен

Всушност, светот се соочува со три нови вируси – британскиот (овој, познат како „вирусот од Кент“), потоа јужноафриканскиот кој велат дека се појави прв, како и бразилскиот.

Британскиот се означува како најзаразен – ги напаѓа и младите и многу брзо се развива, но и Пикок, а и други британски здравствени експерти велат дека тој, сепак, не е посмртоносен.

Предупредувачки е дека тој ќе се шири и натаму и тоа брзо.

„Кога ќе дојдеме до фазата тој да мутира, но притоа да не се развива болест, тогаш ќе престане грижата”

…има речено професор Шерон Пикок, додавајќи дека тоа, сепак, не е работа за до лето, или за до крајот од оваа година. Овде станува збор за процес и работа во следните десет години.

Претстои трет бран?

Европски експерти, пак, сметаат дека ваквите предупредувања од Британката может само да значат дека сега ни претстои и трет бран од коронавирусот.

Британскиот вирус навлегува во се повеќе земји од Европа и тој се манифестира низ силното кашлање, главоболка, замор и болови во мускулите. Кај овој вид корона – помалку се чувствува губењето на вкусот и на мирисот, што беше (и се уште е) карактеристично за кинескиот вирус.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе