Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Портмоне вратено од Антарктик – по половина век

Christopher Michel CC BY 2.0

Портмоне вратено од Антарктик – по половина век

Поранешен метеоролог на американската морнарица кој е одамна во пензија и се наоѓа во длабока старост, го добил назад своето портмоне што го има загубено пред 53 години – и тоа на Антарктик – каде тогаш бил испратен на работа.

Пол Гришам кој сега има 91 година, одамна заборавил за портмонето, се додека непознати лица неодамна му се јавиле за да го известат дека ќе му го испратат по пошта, неговото одамна загубено портмоне.

Гришам кој живее во Калифорнија им изјавил на локалните медиуми дека останал вчудоневиден и дека не можел да поверува дека луѓето ја бараат неговата домашна адреса за да му го вратат портмонето, после толку многу години.

Дури сега разбрал дека било откриено пред шест години, кога во 2014 година, се уривале поранешните монтажни бараки во кои биле сместени луѓето и опремата од научната база на островот Рос, на Антарктикот. На овој малечок остров, Гришам бил стациониран од октомври 1967, до ноември 1968 година.

Работниците кои ги уривале објектите, го нашле портмонето пропаднато меѓу старите службени плакари.

Во него се уште биле морнаричката легитимација за идентификација, возачката дозвола на Гришам, упатството како да се однесува во случај на биолошки, или хемиски напад врз базата и – боновите за пиво од војничката кантина.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе