Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Жена во Синодот на бискупите во Ватикан

amarildohoxha91@gmail.com/Depositphotos.com

Жена во Синодот на бискупите во Ватикан

За прв пат во историјата на Ватикан, една жена доби функција во администрацијата на Светиот стол, со одобрение и благослов на поглаварот на католичката црква.

Папата Франциско ја именува Французинката Натали Бекар за потсекретар на Синодот на бискупите.

Французинката не само што влегува во историјата на црквата која досега беше целосно затворена за жените, туку оди и чекор понатаму во навлегувањето на новото време на католицизмот – добивајќи право да гласа, рамноправно со бискупите, во овој инаку, крајно затворен круг во системот на Ватикан – каков што е Синодот.

Бекар (52) од 2019 година е советник во ова бискупско тело. Станува збор за посебно собрание на бискупите кое има важна задача и одговорност – да ги проучува главните прашања поврзани со доктрината на католичката црква. Собранието на бискупите е создадено во 1965 година.

Ваквиот историски потег на папата, за експертите и за оние кои ја проучуваат католичката црква, сепак, не е целосно изненадување и неочекувано решение.

Франциско уште од претходно, откако беше избран за поглавар во Ватикан, на неколку пати се има изјаснето за потребата од поголемо учество на жените во носењето на црковните одлуки.

Папата Франциско кој веќе се означува како најлибералниот католички поглавар, има намера да продолжи со ваквата своја ориентација.

А, тоа значи, за постепено отворање на Ватикан и на целата католичка црква кон жените, но и кон лаиците – оние кои не и припаѓаат на црковната хиерархија и кои воопшто не се дел од црквата.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Трендови + Општество

Горе