Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Кина со дозвола за својата вакцина

Chinaimages/Depositphotos.com

Кина со дозвола за својата вакцина

Кина издаде дозвола за поширока употреба на домашната вакцина против коронавирусот, позната како Синовак, па сега неа може да ја земаат и оние кои не се во категоријата на високо ризични пациенти, како и оние кои не се на приоритетните листи за вакцинирање.

Сега оваа кинеска вакцина има дозвола за генерална употреба.

Синовак е веќе продадена во десет земји, а е применета во пет.

За итни потреби, уште во фазата на испитување, оваа вакцина во Кина е во употреба уште од минатиот јули (!?).

Со неа се вакцинирани здравствените работници и домашната администрација.

Во секој случај, според соопштението на кинеските здравствени власти, експертите и натаму продолжуваат со испитувањата.

Ова е втора по ред вакцина од Кина, по првата Синофарм која е произведена во декември и која уште од тогаш има одобрување од домашните власти, иако тоа, во тоа време било – условено одобрување.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе