Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Изложба со „фалсификуван“ Фаберже

StockphotoVideo/BigStock.com

Изложба со „фалсификуван“ Фаберже

Во Ермитаж во Сенкт Петерсбург се одржува изложба посветена на делото на прославениот кралски златар – Карл Фаберже.

Таа требаше да биде настан на годината, особено што последен пат една ваква изложба била организирана во 1993 година, но се претвора во голем скандал, откако еден угледен руски експерт за уметнички предмети изјави дека на изложбата има „најмалку 20 фалсификати“.

Барање за затворање на изложбата

Историчарот на уметност Андреј Рижников тврди дека на изложбата се изложени и се прикажуваат како оригинални, вредни и скапи работи, многу лажни предмети и фалсификати. Во својата изјава тој рекол дека затоа, официјално, побарал од директорот на овој угледен музеј во Русија и во светот – изложбата да се затвори.

Изложени се, во најголем број, предмети од приватната колекција на Александар Иванов, кој важи за еден од најголемите руски колекционери, кои поседуваат дела и изработени предмети на Фаберже.

Историчарот на уметност Рижников, меѓутоа, целосно ја обезвреднува изложената збирка, тврдејќи дека е „полна со фалсификати“ што според него е „срамота“ за еден музеј каков што е петроградскиот Ермитаж, кому со една ваква изложба само се „нанесува штета на неговиот углед“.

Управата на музејот и колекционерот Иванов ги отфрлаат ваквите обвинувања и тврдат дека поседуваат документи за сите дела на Фаберже кои се позајмени за изложбата од музејот (на Иванов) во Баден Баден (Германија) .

Сликата на цар Николај

Еден од изложените предмети што Рижников ги посочува како фалсификат е и „Јајцето на Фаберже“ – како што се тврди – изработено од стариот мајстор, кое рускиот цар Николај Втори, во 1904 година и го подарил на царицата Александра, за десетгодишната од нивниот брак.

Ваквите наоди, музејот на ги прифаќа и инсистира дека изложбата ќе трае како што е предвидено – до средината на март.

Но, во минатата година, странски експерти за уметнички дела и вредни предмети, исто така, се имаат посомневано во изложеното јајце. Поводот е вметнатата слика на Николај во воена униформа.

Станува збор за униформа што рускиот цар ја носел само на службени церемонии и на неа секогаш има прикачено пет медали.

Но, на сликата ставена во јајцето на Фаберже, што е изложено во Ермитаж, има само четири медали.

Тоа откритие уште тогаш има покренато дилеми кај експертите – околу оригиналноста на предметот, не верувајќи дека станува збор за грешка на стариот мајстор.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Култура

Горе