Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

И Силвестер Сталоне стана Бугарин

И Силвестер Сталоне стана Бугарин

Во сегашната еуфорија која се создава во соседна Бугарија околу големината на државата и нацијата- надвор од нејзините вистински и постоечки граници, убаво се имаат вклопено и тамошните криминалци.

Така се случи и американскиот актер Силвестер Сталоне, ѕвездата на филмовите „Рамбо“ и „Роки“ да стане Бугарин.

На еден фалсификуван бугарски пасош, што тамошната полиција  го има откриено кај група домашни криминалци-фалсификатори, како Бугарин и бугарски државјанин е означен и Сталоне.

„Бугарин по род“

Не се знае дали пасошот некому му бил потребен за да може (не)легално да добие дозвола за работа во некоја од земјите на ЕУ, или пак, едноставно, затоа што се чувствувал „Бугарин“ по род-потекло , како што тоа го имаат направено стотина илјади македонски државјани.

Но, како и да е, бугарската полиција има дистрибуирано фотографија од пасошот со фотографија и податоци за Сталоне (Енцио) Силвестер- како бугарски државјанин.

Според софиски медиуми, станува збор за криминална банда од државјани на Бугарија кои изработувале фалсификувани бугарски документи- лични карти и возачки дозволи- кои обично ги имаат оние кои се претвораат во Бугари, но и пари- евра и американски долари.

При направените претреси на локациите каде се апсени членовите на бандата, се откриени поголеми количеста фалсифиувани банкноти од 50 евра, како и американски „стотки“.

Во „ловот“ по овие криминалци биле вклучени и европската полиција Европол, како и американската тајна служба. Тоа само потврдува дека ваквите лажни документи со бугарски ознаки веќе се имаат појавено и во Европа и во Америка.

Продавање пасоши

Некои софиски весници и самите тераат шега со пасошите, секако, знаејќи за политиката на властите да се зголемува бројот на Бугарите, ако веќе не може кај оние дома, тогаш барем на оние во странство, па објавуваат наслови во стилот – „ И Силвестер Сталоне доби бугарски пасош“.

Но, шегата на страна- Бугарија подолго време издава свои пасоши на странци- од соседството- кои ќе се декларираат дека се „ Бугари по потекло“. Во понудата од Софија се и т.н. „златни пасоши“ за оние кои државјанството ќе го стекнат купувајќи имот во Бугарија, или вложувајќи пари во домашната економија.

За овие не треба ништо да докажуваат, освен да вложат пари, а за ( велат добри пари) може и да се купи пасошот на оваа земја. членка на ЕУ – без да добијат државјанство.

Во секој случај- медиумите од Софија потврдуваат дека  „Бугаринот“ Силвестер Сталоне е сместен во затвор.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе