Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Трет пат нема „виза“ за Џејмс Бонд

wjarek/BigStock.com

Трет пат нема „виза“ за Џејмс Бонд

Најновиот филм за Џејмс Бонд и понатаму „нема виза“ за јавно прикажување, само затоа што продолжува глобалната пандемија со коронавирусот.

Свечената премиера и прикажувањето на филмот низ кино салите по светот, што овој пат има наслов „No Time to Die”, веќе на два пати беа одлагани, а сега како најнов датум е определен 8 октомври.

Првично најновиот, 25 по ред филм од серијата за тајниот агент Бонд, со кодирано име 007, требаше да има свечена премиера во Лондон, во април 2020 година. Тогаш (поради епидемијата) премиерата беше поместена за изминатата есен. Но, и таа беше одложена од истите причини.

Продуцентите сега веруваат дека до годинешниов октомври, светот ќе се избори со епидемијата и дека Џејмс Бонд ќе може да се прикажува низ Британија и САД и низ светот.

И во овој филм, во улогата на Бонд се појавува Даниел Крејг. Тоа е негов пети по ред настап како тајниот агент во служба на нејзиното височество (кралицата), но е последен со овој британски актер. Уште во текот на снимањето на „No Time to Die” Крејг соопшти дека повеќе нема да ја игра улогата на Бонд.

Покрај Крејг во овој филм настапуваат и Леа Седу и Рами Малек.

Судбината на филмот за Џејмс Бонд ја делат и други нови филмови кои чекаат да може да бидат промовирани и пуштени во дистрибуција низ кино салите, како на пример, „Afterlife”, “Peter Rabbit (2)”, “Cinderella”, “Uncharted” и низа други.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Култура

Горе