Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Роби Вилијамс во карантин

magicinfoto/BigStock.com

Роби Вилијамс во карантин

Британската пејачка ѕвезда Роби Вилијамс се наоѓа во двонеделен карантин на карипскиот остров Сент Бартс, затоа што било откриено дека е позитивен на коронавирусот.

Ѕвездата и на популарната група Take That, се наоѓа на одмор на овој остров уште од после божикните празници, заедно со сопругата и со нивните четири деца.

Веста ја има емитувано лондонската Скај телевизија, а за тоа има пишувано и весникот „Сан“, но официјално таа не е потврдена од никого, од кругот на Вилијамс. На некои приватни снимки кои се имаат појавено на интернет, Роби е снимен на еден помал брод на прошетка околу Сент Бартс, како на лицето има маска.

Извори блиски до семејството Вилијамс, сепак, изјавиле за лондонскиот таблоид дека пејачот не се чувствувал добро, дека имал болки во градите, па кога се јавил на лекар, било откриено дека е заразен.

Затоа сега е во карантин, а истиот извор потврдува дека „Роби е навистина болен, па затоа е и одделен од семејството и не оди на капење на плажа“.

Не се знае каде се заразил, кога никој од неговите не е позитивен.

Една од претпоставките е дека тој од Британија на островот допатувал со вирусот, затоа што во неговата земја епидемијата е максимално раширена, а бројот на жртвите секој ден бележи рекорди.

Некои медиуми, прашуваат и дека ако е така, тогаш како можело пејачот воопшто да ја напушти Британија. Изворот на кој се повикува „Сан“, меѓутоа, уверува дека на Сент Бартс Роби има дојдено на одмор, пред забраната на британската влада.

Роби Вилијамс не е единствениот од пејачките ѕвезди кои ја имаат напуштено Британија и Европа и се имаат сместено на Карибите, затоа што можат да си дозволат да одберат вакви „рајски„локации во светот, за да ги избегнат изолацијата и локдаунот во сопствената земја.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе