Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Грција: Спортистки сексуално злоупотребувани

Mihrou, Sofía Bekatorou (GRE), CC BY-SA 4.0

Грција: Спортистки сексуално злоупотребувани

Софија Бекатору, поранешната олимписка и светска шампионка во едрење, предизвика големо бранување во јавноста во Грција, откако откри дека како многу млада била сексуална нападната и злоупотребена од висок функционер на грчката федерација во овој спорт.

Учествувајќи во една јавна, онлајн дебата организирана од владата, таа открила еден „срамен и понижувачки детал“ од својот живот, во времето кога била млада спортистка, од што сите овие години, како што има речено, не може да се ослободи, па морала да бара и стручна медицинска помош.

Инцидентот се случил во нејзината хотелска соба, во 1998 година кога имала 21 година, во хотелот каде престојувала грчката репрезентација во едрење.

„Поддршка за Софија“

Нејзиното признание нема веднаш предизвикано одгласи во домашната јавност, затоа што не било изнесено на некои од големите медиуми.

Изјавата на оваа спортистка и стана позната на широката јавност, после реакцијата на федерацијата во едрење, која наместо извинување, ја има нападнато Бекатору за тоа зошто досега молчела, зошто и требало толку години за да открие, барајќи од неа да каже кој е силувачот.

Дури тогаш настана шок во јавноста.

Уследи и гневна реакција со остра осуда за нахалноста на разните спортски функционери кои ја злоупотребуваат својата положба, уценувајќи ги младите спортистки со заканите дека ја ризикуваат кариерата доколку не им дозволат да си ги задоволат своите „гнасни сексуални страсти“.

На интернет, спортистката веднаш има примено на илјадници пораки со поддршка и охрабрување, преку инсталацијата хаш – таг“ „MetiSofia” (Подршка за Софија), во стилот „MeToo” – во која се јавуваат не само жени на различна возраст, туку и многу мажи и исто толку спортистки од разни генерации.

Сите се согласуваат дека е време Грција да го прекине молчењето за ваквите појави, за кои од поодамна се верува дека постојат и во високиот и трофеен спорт.

Реакција на грчката претседателка

Со поддршка за Софија се огласи и грчката претседателка Катерина Секаларопуло, првата жена на оваа функција во историјата на земјата.

Таа ја има повикано спортистката во својата службена канцеларија во Атина, оддавајќи и притоа големо признание за храброста, да се покрене една ваква мрачна тема и давајќи и притоа целосна поддршка во борбата за расветлување на криминалното однесување на луѓето на кои им е доверено да раководат со грчкиот спорт.

Бекатору која сега има 43 години е големо име во едречкиот спорт, но и во спортот воопшто.

Таа се уште важи за спортска ѕвезда на оваа земја, откако на Олимписките игри во Атина, во 2004 година освои златен медал, а потоа го повтори таквиот успех и на следните игри, како и на низа светски првенства.

Има постигнувано врвни резултати уште и пред Игрите во грчкиот главен град, па затоа беше почестена да го носи знамето на Грција, на дефилето на спортистите на Олимпијадата во Рио, во 2016 година.

Случајот е застарен?

Во средата, таа беше повикана од државниот обвинител за да даде исказ за целиот случај.

Подоцна, таа има изјавено дека сето ова е значаен момент и охрабрување дека нешто, конечно, ќе може да се направи за да се сочуваат младите спортистки од сексуалните насилства и од понижувањата на кои ги изложуваат оние кои би требало да се грижат за нив.

Како сега стојат работите, многу е веројатно дека обвинителот ќе го прогласи за застарен случајот со на Софија Бекатору, па нема ниту да се открие силувачот, што е постапка различна од една Британија, каде ваквите случаи не застаруваат.

Но, државниот обвинител, сепак, прифатил детално да го истражи целиот случај, поради можноста дека постојат и други такви случаи.

Во меѓувреме, оставка поднесе потпретседателот на федерацијата во едрење, не затоа пто што е поврзан со инцидентот, туку како има речено да се сочуваат угледот на оваа федерација, како и на грчкиот олимписки комитет од „јавниот линч“.

Насилство што трае со години

Оставка има поднесено уште еден спортски функционер чиј идентитет исто така не се открива, но се повеќе спортистки, меѓу нив и олимпијки, се огласија со признание дека биле жртви на сексуалното насилство и на сексуалното вознемирување. При тоа, две од нив ги имаат посочено и лекарите на екипите.

Во еден случај лекарот кој требало само да и стави инјекција во рамото на една пливачка, ја натерал да го соблече костимот за капење, прикажувајќи го сето тоа како дел од некаква терапија, изживувајќи се врз неа.

Во друг случај, со друга спортистка, физиотерапевтот што, инаку, требало да направи лесна терапија на коленото, ја натерал младата девојка да се соблече гола – за како што рекол – „полесно масирање на ногата“.

Овие две спортистки изјавиле дека тоа не им се случило само нив, туку дека жртви на сексуално насилство се речиси сите од девојките.

„Ова трае со години. Сите знаат што се случува, но девојките молчат за тоа – не сакајќи да ја ризикуваат спортската кариера, како и стравувајќи од реакцијата – да не се случи јавноста нив да ги осудува за неморално однесување“ – се вели во нивната изјава.

(Г.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Трендови + Општество

Горе