Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Западнобалканците веруваат во корона „заговор“

digitalista/BigStock.com

Западнобалканците веруваат во корона „заговор“

Големо мнозинство од луѓето во Западен Балкан, вклучувајќи го и населението во Македонија, веруваат во теоријата на заговор, поврзана со појавувањето и ширењето на коронавирусот. Дури 75 отсто од анкетираните, во истражувањето на Атлантскиот совет од Вашингтон, сметаат дека постои т.н. корона „заговор“.

Кога станува збор за македонската популација 4о отсто веруваат во ваквите теории кои се шират на интернет уште од самиот почеток на пандемијата, која инаку тргна од Кина, пред една година. Слично размислуваат и анкетираните во соседна Србија, каде 41,5 отсто од луѓето се убедени дека „целата оваа работа околу епидемијата е само еден голем заговор“.

Обвинување за „фармакомафија“

Најмногу од оние кои прифатиле да зборуваат на оваа тема, веруваат дека вирусот е резултат на постоењето на “фармако-мафијата“ која ја има покренато пандемијата за да заработи пари на лековите и вакцините за кои сега “се тепа“ целиот свет. Таа се обвинува и дека го има раширено, а и дека продолжува да го шири вирусот.

Една третина смета дека за вирусот е виновна Кина, која, како што се вели, го има произведено вирусот во една од лабораториите во 11 милионскиот Вухан, то пота им се отпуштил од контрола на научниците, излегувајќи од лабораториите и претворајќи се во смртоносно „оружје“ кое и сега убива.

Но една добра четвртина, за пандемијата и короната го обвинува еден од основачите на Мајкрософт, Бил Гејтс, милијардер и голем филантроп кој има дадено милијарди долари за здравствени и хуманитарни цели. За него се врзува и измислената теорија дека новата вакцина има во себе чип, што треба да ги контролира луѓето. Помалку од 10 отсто верува дека короната треба да се врзе за најновата 5Г технологија.

Отпор против вакцинирањето

Ваквото верување за постоењето на коронавирусот се врзува и за силниот отпор на јавноста во овој дел од Европа и кон вакцината и вакцинирањето. Висок процент од луѓето во Западен Балкан најавува дека нема да се вакцинира против овој вирус.

Според првичните истражувања, околу половината од учесниците во анкетата во Република Северна Македонија изјавиле дека нема да се примат било која од вакцините против корона. Во овој процент влегуваат и оние кои се изјасниле дека „веројатно нема да се вакцинираат“. Ваквиот процент е полош од оној во Република Србија, каде 33 отсто се категорични дека нема да примат вакцина, додека околу 20 отсто изјавиле дека ќе се вакцинираат.

Македонски здравствени експерти објаснуваат дека овие податоци за Македонија не треба да изненадуваат, затоа што македонските државјани се познати по тоа што се крајно недоверливи кон вакцинирањето и дека одбиваат да се вакцинираат дури и за обичниот, сезонски грип.

Анкетата се појавува на годишнината од првата жртва од “непознат вирус“ во Вухан, што Кина и ја пријави на Светската здравствена организација на 11 јануари 2020 година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе