Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Легализиран абортусот во Аргентина

Anibal Trejo/BigStock.com

Легализиран абортусот во Аргентина

Аргентинскиот Сенат, со мнозинство гласови, го одобри законот со кој се легализира абортусот во оваа голема јужноамериканска и католичка земја.

Претходно, законот беше изгласан и во Долниот дом на Конгресот (Парламентот), а неговото донесување, уште од почетокот на кампањата, го подржува и претседателот Алберто Фернандез.

Изгласувањето на законот во Буенос Ајрес се оценува како „историски момент“ за Аргентина и како „историска победа“ на активистите за женски права и за слободата на изборот на жената кога станува збор за бременоста.

Тоа би можело да предизвика и другите држави во овој регион, познат како најрестриктивен во светот, да тргнат по патот на либерализацијата на прописите кои го регулираат абортусот.

Моќната аргентинска католичка црква настојуваше на секој начин да го спречи законот, а потоа и неговото изгласување, вршејќи на крајот силен притисок врз сенаторите.

Изгласувањето на законот и во Горниот дом на Конгресот, беше примено со големо воодушевување од насобраната маса луѓе, во најголем број жени и активисти за човековите права и слободи кои до раните утрински часови беа насобрани пред зградата на аргентинскиот Парламент.

Досега, абортусот беше забранет, освен во случаи кога бременоста е последица на силување на жената и доколку се загрозува нејзиниот живот. Во новиот закон, прекин на бременоста се дозволува до 14 недели бременост.

Воодушевените активистки за женските права изјавиле дека нивната битка трае уште од 1921 година, кога последен пат бил донесен законот што досега беше во сила.

И покрај силното влијание на црквата, се верува дека уште некои јужноамерикански земји – а пред сите – Чиле и Бразил – би можеле да се определат за легализација на абортусот.

Досега тоа беше дозволено само во Куба, во Уругвај, во градот Мексико, во една мексиканска провинција, како и во француска Гијана.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе