Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина Пјер Карден

Claude Iverné / Elnour, Pierre Cardin Official Portrait, CC BY-SA 3.0

Почина Пјер Карден

Легендарниот француски моден креатор Пјер Карден, почина во една болница, во местото Неј, во околината на Париз. Имаше 98 години.

Уште од многу порано, Карден е нарекуван „моден гигант“ чие креирање и работата во светот на модата и на модниот дизајн, имаат придонесено за нејзиното револуционизирање во текот на педесеттите и шеесеттите години на 20 век.

Неговата кариера траеше цели 70 години. Во тој исклучително долг период Карден, заедно со другите од неговата генерација, има многу придонесено за создавањето, но и за продолжениот развој на т.н. пост-военото „златно време“ на високата мода – во Франција, во Европа и светот.

Тој со право се означува како пионер и во светот на бизнисот на убавите предмети и на убавиот стил – не само во облекувањето – па денес, цела низа од разни други производи (вклучувајќи и елегантни часовници) го носат името „Карден“.

Иако ја има прославено француската мода, тој е Италијанец.

Роден е 1922 година, во Италија, но уште како дете со неговите родители се преселил да живее во Франција, каде и ја има направено својата сега веќе извонредна кариера.

А, започнал на тој начин што работел во разни фирми, вклучувајќи ја и онаа на (исто така) прославениот креатор Кристијан Диор. Овој дури и му има помагано додека Карден ја создавал својата прва модна колекција, во 1947 година.

Сопствена фирма и модна куќа Карден има отворено во 1950 година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе